Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

11.07.2018


Актуелно  

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!!! - EUROPEAN BUSINESS NUMBER



Стопанската комора на Македонија, од страна на компании-членки доби информација дека одреден број компании со редовна пошта добиле допис од страна на компанијата EBN European Business Number,  DAD GmbH, Alter Wall 65, Hamburg, во којшто се повикуваат да го достават PIB, податок којшто недостасува.

Ве предупредуваме дека во прашање е измама според информациите добиени на порталот Fraud Help Desk.

Имено, доколку пополните, потпишете и го заверите со печат прилогот на дописот и го вратите бараниот податок PIB, компанијата DAD GmbH, на Вашата адреса ќе Ви достави фактура во износ од 771 евро, којашто ќе мора да ја платите, бидејќи обврската за плаќање на овој надоместок е предвидена во точка 6 од општите услови, кои се наоѓаат на задната страна на прилогот којшто од Вас бараат да го потпишете.

Ве предупредуваме да не потпишувате и да не враќате никаква документација на оваа компанија.

Одделение за информирање











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права