26.07.2017 (Бизнис средби)
Билатерални деловни средби меѓу македонски и турски компании - 26.07.2017 Скопје

26.08.2017 (Форум)
12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина -26.08.2017, Горња Радгона,Р.Словенија

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

18.09.2017 (Тренинг обука)
Дводневен тренинг: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

Бизнис-настани

23.05.2017 - 23.05.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР


Eднодневен семинар:

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

23 мај 2017 година (вторник)
10:00 - 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат

      Стопанската комора на Македонија на 23 мај 2017 година организира еднодневен семинар на тема: ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР, што се однесуваат на:  преземените мерки и процесуираните постапки од надлежниот орган, потпишувањето на договор за вработување, со посебен осврт на неговата форма, содржина, измена, време за кое се склучува договорот, склучување на договор со странски државјани, видови договори, дополнителна работа, договор за работа во странство, посебни договори и престанок на договорот за вработување.
Целта на семинарот е опсервирање на дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса, во однос на темите кои ги разработува семинарот преку прашања од присутните и посочување на одредени разлики во законските решенија и практичната работа на компанијата кога се работи за права од работен однос на работници од приватниот и од државниот сектор.
На семинарот ќе бидат изнесени најчестите повреди на одредбите од законските решенија во областа на работните односи наведени во програмата, како и сите дилеми што се јавуваат при примена на истите во пракса. Дополнително на учесниците ќе им бидат одговорени прашања и за други проблеми кои ги имаат при примена на легислативата од областа на работните односи, а кои не се предвидени во агендата.

Целна група:
Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби, адвокатите и останати законски застапници, менаџери во компаниите, вработени во секторите за управување со човечки ресурси и кадрово, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните односи.

ПРОГРАМА:

I дел:
- Воведување на задолжително социјално осигурување;
- Електронско огласување на потреба од работник;
- Содржина на  огласот за вработување;
- Содржина на договорот за вработување;
- Враќање на документи и издавање на потврда за работа;
- Спогодбен престанок  на работниот однос;
- Отказни рокови;
- Паричен надоместок наместо отказен рок;
- Застареност;
- Прекин на договорот за вработување поради возраст на работникот.

II дел:
- Минимална плата;
- Ден на исплата на платата;
- Евденција на полно работно време и прекувремена работа;
- Прекувремена работа;
- Користење на годишен одмор;
- Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство;
- Користење на отсуство од работа за родителство од страна на таткото или посвоител на детето;
- Надоместок на плата;
- Неплатено родителско отсуство;
- Услови за определување на репрезентативност на Синдикатот;
- Испраќање на работници за давање услуги во странство;
- Едукација;
- Забрана за работа на работодавачот.
   
III дел:
- Поим;
- Уредување;
- Договор за вработување на неопределено и определено време;
- Форма на договорот за вработување;
- Страни на договорот за вработување;
- Работодавач – правно лице или друг субјект;
- Способност за склучување на договор за вработување на младо лице по 18 години;
- Услови за склучување на договор за вработување;
- Странски државјани и лица без државјанство;
- Договорна спогодба;
- Содржина на договорот за вработување;
- Измена на договорот за вработување;
- Невалидни одредби на договорот за вработување.
   
IV дел:
- Договор за вработување на определено време;
- Сезонска работа;
- Договор за вработување со неполно работно време;
- Договор за вработување со неполно работно време со повеќе работодавачи;
- Договор за вработување со вршење на работа дома;
- Забрана за работа дома;
- Работи коишто не смеат да се вршат дома;
- Договор за вработување на куќни помошнички;
- Договор за вработување на деловни лица (менаџерски договори);
- Вршење на приправнички стаж;
- Траење на приправничкиот стаж;
- Изведување на приправничкиот стаж;
- Ограничување на отказ на приправникот од страна на работодавачот;
- Пробна работа;
- Волонтерски стаж;
- Дополнително работење;
- Договор за вработување за вршење на работи во странство;
- Посебни договори;
- Начини на престанување на важноста на договорот за вработување.
 
Предавачи:

- Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и
- Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 18 мај 2017 година.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: 
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права