24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

14.12.2017 - 15.12.2017


Конференција Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат,  Македонија

XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА


        Сојузот на сметководители на Република Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија Ве поканува да земете учество на XVIII Меѓународен симпозиум на тема: „Улогата на сметководството и ревизијата во унапредување на националната економија“, што ќе се одржи на 14 и 15 декември 2017 година. Симпозиумот ќе се реализира согласно програмата која е подготвена и приспособена на Годишната програма на ИСОС и обезбедува сразмерна структура на часови за континиурано професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители.

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА:

Прв ден 14.12.2017 година (четврток)

 МОДУЛ 1 - ВЛИЈАНИЕТО НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И РАЗВОЈ НА ЕДНА ДРЖАВА ВО УСЛОВИ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА И ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

 Време

Тема 

9:00-12:00
4 часа МСФИ

 Отварање на симпозиумот;
- „Улогата на сметководството за економскиот раст и развој и влијанието на ризиците на алокација на ресурсите во глобалната економија и интернационализација“, проф. д-р Зоран Миновски, Економски факултет - Универзитет „Свети Кирил и Методиј“-Скопје;
- „Професионалните сметководители пред крстопат-стекнување нови вештини за променето работно опкружување“,проф. д-р Јадранка Мршиќ и проф. д-р  Нинко Костовски, Универзитет Американ колеџ - Скопје;
- „Деловен Кодекс“, проф. д-р Гордана Никчевска, Бизнис Академија Смилевски - БАС - Скопје.
- „Сметководството и неговата улога во економскиот развој“, проф. д-р Сеадин Џафери, Економски факултет при Државниот универзитет во Тетово;

 ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА-ИДНИНАТА НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА И РЕВИЗОРСКАТА ПРОФЕСИЈА И ОЧЕКУВАНИТЕ ЕФЕКТИ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕГИОНОТ

13:00-16:00
4 часа, Актуелни теми

Модератор: проф. д-р Атанаско Атанасовски, Економски факултет - Универзитет „Свети Кирил и Методиј“- Скопје;
- Проф. д-р Драган Микеревиќ, Сојуз на сметководители и ревизори  на Република Српска;
- Д-р Рада Стојановиќ, уредник на весникот Сметководство и организатор на КПУ Сојуз на сметководители и ревизори на Србија;
- Г-ѓа Првослава Клепо, помошник менаџер за образование и едукација Институт на сертифицирани сметководители на Црна Гора;
- М-р Ленче Папазова, претседател на Институт на сметководители и овластени сметководители во Република Македонија.

Втор ден 15.12.2017 година (петок)

 МОДУЛ 2 - ФИНАНАСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ - ОСНОВ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ РАЦИОНАЛНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ

 Време

Тема 

9:00-12:00
4 часа МСФИ

- „Хармонизација на финасиското известување на подрачјето на Западен Балкан“, проф.д-р Драган Микревиќ, Сојуз на сметководители и ревизори на Република Српска;
- „Билансирање и финасиски аспект на гудвил низ призмата на деловни комбинации“, д-р Рада Стојановиќ, Сојуз на сметководители и ревизори на Србија;
- „Финансиски извештаи и припреми во согласност со со МСФИ за МЕСЕ како основ на деловно одлучување“ , Проф. д-р Душко Шњегота, Економски факуптет при Универзитетот во Бања Лука;
- „Интегрирани макроекономски сметки - случај на Република Македонија“, Наташа Затаракоска, магистрант на Економски факултет - Универзитет „Свети Кирил и Методиј“- Скопје;
- „Одговорност на сметководителите во функција на превенција на кривични дела при перење на пари“, д-р Горанка Кнежевиќ, Бизнис Академија, Универзитет Сингидунум Белград и д-р Владан Павловиќ, Економски факултет Приштина;
- „Форензичко сметководство како патоказ до квалитетно финасиско известување“ , проф.д-р Љиљана Димитровиќ Шапоња, Универзитет во Нови Сад - Економски факултет  - Суботица, Саша Граворац – интерен ревизор од Суботица и д-р Горан Шијан Универзитет во Нови Сад - Економски факултет  - Суботица.

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА – АНАЛИЗА И ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА РАНИТЕ СИГНАЛИ КАКО ФАКТОРИ ЗА ПОМАЛКУ РИЗИЧНО ДОНЕСУВАЊЕ НА БИЗНИС ОДЛУКИ

13:00-16:00
4 часа, Актуелни теми

- Г-дин Игор Павиќевиќ, генерален секретар ISRCG - Институт на сертифицирани сметководители на Црна Гора;
- Г-дин Ивица Милчиќ, раководител на стручната служба на Хрватската заедница на сметководители и финасиски работници од Загреб;

 -Проф.д-р Данимир Гулин, претседател на Хрватската заедница на сметководители и финасиски работници од Загреб;
- М-р Анета Трајковска, директор на Дирекција во Стопанска комора на Македонија;
- М-р Ленче Папазовска, претседател на Институт на сметководители и овластени сметководители во Република Макеоднија;
- Орце Наумовски, директор на сектор за сметководство во Стопанска Банка АД Скопје;
- Лидија Нануш, директор на Делоитте ДОО Скопје..

Излагачите се истакнати домашни и странски експерти со долгогодишно професионално искуство од соодветните области.
         
Надомест за двата дена на Симпозиумот изнесува  4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ)
 
* Во рамките на Симпозиумот се организира другарска вечер, на 14.12.2017 година,   со почеток во 20:00 часот, во Бистро бар Барбакан - Скопје. Цената по лице изнесува 1.100 денари со вклучена храна и пијалаци.

Поради ограничен број на места, ве молиме вашето учество на Симпозиумот да го пријавите најдоцна до 11 декември 2017 година.

За сите учесници на Симпозиумот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
-  потврда на учесниците за реализиран фонд на часови за КПУ.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права