11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Форум)
„ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ“-12.12.2017 КАВАДАРЦИ

13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

30.11.2017


Актуелно  

Одржан Бизнис форум на Советот на странски инвеститори и на Стопанската комора на Македонија - ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ


Во хотелот „Александар Палас“ се одржа Бизнис форум, со цел деловно поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи, а ин\\ицијатори беа Советот на странските инвеститори и Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Владата на Република Македонија (30.11.2017 година).

 

На Бизнис форумот, пред преполнетата сала со странски инвеститори во земјава и домашни компании заинтересирани за соработка со нив, се обратија проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за  координација со економските ресори, м-р Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори, како и Аврам Стојчевски, претседавач со Асоцијацијата на автомобилската индустрија. Модератор на настанот беше Ирена Јакимовска, потпретседател на Советот на странски инвеститори.

-За да правиме стратегија за привлекување странски инвестиции, треба да им веруваме на бројките и на фактите, а тие покажуваат дека денес има вкупно 23 странски компании кои користат државна помош, од кои 19 се активни, - истакна проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија.

Кога станува збор за соработката со локалните добавувачи, бројките се поразителни – во делот на вкупните набавки на компаниите од слободните зони, домашните добавувачи учествуваат со помалку од 1%. Најчесто соработката се сведува на користење на обезбедување, угостителски услуги, одржување, комунални услуги, а исклучително малку во делот на производствениот процес.

-Прашањето е колку овие инвеститори имаат директен импакт врз македонската економија, освен што вработуваат над 20.000 лица, но трагично е што тие не се прво вработени туку се преземени од домашните фирми, а тоа, според мене, е нелојална конкуренција и нездрава економска логика, - истакна заменик-претседателот на Владата на Република Македонија.

Д-р Анѓушев се осврна и на новите мерки на Владата на РМ, со јасно дефинирани критериуми, инкорпорирани во Планот за економски развој, коишто важат подеднакво како за странските така и за домашните компании, а како поважни ги наведе:

- за секое новокреирано работно место, минималната финансиска поддршка ќе изнесува 10% од платата ако најмалку 80% од нововработените лица биле евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија, за период од најмалку 3 месеци, или ако се вработат лица со штотуку завршен образовен процес;
- за трајно воспоставена деловна соработка на СДИ со домашни претпријатија, за набавка на 10% од производните инпути од домашни фирмии над просекот за последните 3 години, финансиската поддршка ќе изнесува 1% од вредноста на набавките; за секои дополнителни 10% набавени инпути од домашни претпријатија, финансиската поддршка ќе се зголемува за 2% од вредноста на набавките;
- за пораст на вкупниот приход од работењето над обемот на вкупниот приход во последните 3 години, ќе се врши поврат на инвестициите направени во претходната година во висина од 10%.

На крајот, д-р Кочо Анѓушев истакна дека се  најавени 19 нови странски инвестиции, со коишто допрва ќе се потпишат договори за нивно инвестирање во Република Македонија.

На прашањето кои се најважните фактори за една странска компанија да инвестира во една земја, м-р Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори, истакна дека самиот пакет на поволности што ги нуди државата не е пресуден фактор да се донесе таква одлука. Потребно е да се има и сет на долгорочни мерки и економски политики за креирање поволна бизнис клима и водење бизнис, односно конзистентна законска регулатива за инвестирање, еднаков третман и грижа за странските инвестиции, правна сигурност, расположлива работна сила, нејзиниот квалитет, образовниот систем, фукционален и ефикасен домашен пазар, инфраструктурата, како и присуството на други инвеститори, кои се дел од факторите кои влијаат на одлуката за инвестирање.

- Кога се споредуваат условите за инвестирање во регионални рамки, не е многу тешко да се одлучиме за најповолните услови што ги нуди Македонија како атрактивна дестинација за инвестирање, - истакна претседателот на Советот на странски инвеститори, м-р Штефан Петер. Тој исто така посочи на фактот дека странските инвеститори не треба да се поистоветуваат исклучиво со фабриките коишто работат во слободните зони, нивниот број е многу поголем на територијата на целата држава, а значењето на странските инвестиции не е само во улога на извор на средства за инвестирање, туку се очекува истите да донесат и нови технологии, да ја ангажираат домашната работна сила, да придонесат за искористувањето на домашните ресурси и генерално, да донесат нова бизнис-филозофија, која позитивно ќе влијае и врз останатиот економски, па и политички амбиент во земјата.

-Со оглед на тоа дека најголем дел од најновиот бран странски инвеститори во земјава се главно од автомобилската индустрија, логично е најголем дел од македонските компании - потенцијални доставувачи за странците да бидат токму од оваа индустрија, - истакна Аврам Стојчевски, претседавач со Асоцијацијата на автомобилската индустрија при Советот на странски инвеститори.

Странските компании во слободните зони, генерално, набавката на суровини и основни компоненти за нивните производи ја вршат централизирано, од познати и веќе традиционални партнери, меѓутоа потенцијалот за соработка со домашните компании е голем и тој треба целосно да се искористи во наредниот период.

-За домашните компании соработката значи повеќе работа и развој, трансфер на знаења и нови технологии, нови стандарди, како и зголемена конкурентност и, секако, можност за извоз на странски пазари, - потенцира Стојчевски.

Од тие причини, македонските компании треба се ангажираат во правец на интензивирање на соработката со странските компании кои работат во земјава, да бидат поагресивни и да им се наметнат на странските компании, пред се` со квалитетни производи, конкурентни цени и поседување на потребните сертификати за квалитет.

-Соработката  на домашните компании со странските инвеститори во земјава е всушност замена на извозот. Заедно со нив можат да  остварат технолошки напредок, како и воведување современи менаџерски знаења. А, кога еднаш ќе се стане добавувач на странска компанија, тогаш е полесен и патот кон странските пазари, -  додаде Стојчевски.

На крајот, модераторот Ирена Јакимовска потенцираше дека е неопходно македонските компании да го подобрат квалитетот и асортиманот на сопственото производство, а тоа можат да го направат единствено со полесен пристап до евтини кредити, реформи во образовниот систем и инвестирање во квалитетна работна сила по мерка на приватниот сектор.

По завршувањето на официјалниот дел на Бизнис форумот, се одржаа билатерални  средби, на коишто се разговараше и се договараше за идната деловна соработка помеѓу 35 странски инвеститори и преку 60 домашни компании.

Резултатите од Анализата на ефектите од новите извозно ориентирани компании во домашната економија на Народната банка на РМ покажуваат дека износот на вкупните набавки на компаниите од индустриските зони од субјекти на домашниот пазар во 2014 и 2015 година изнесуваат по околу 45 милиони евра, додека во 2016 година износот е близу 33 милиони евра.

Додадената вредност, односно „чистата“ нова вредност генерирана од компаниите во индустриските зони изнесува околу 617 милиони евра, за последните четири години. Вредноста на вкупните инвестициски набавки (набавка на основни средства) направени од домашни субјекти е проценета на околу 148 милиони евра, додека вредноста на вкупните расходи за стоки и услуги набавени на домашниот пазар изнесува околу 78 милиони евра.

м-р Милена Перчинкова
Влатко Стојановски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права