26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

19.06.2018 (Бизнис средби)
„ЕНЕГРА 2018“

07.11.2018 (Бизнис средби)
ЈИЕ ИТ САМИТ

Бизнис-настани

19.04.2018 - 20.04.2018


Конференција Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат,  

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ - АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И МОЖНОСТИ-


Договарањето и примената на арбитражата како метод за решавање на споровите од деловното работење бележи пораст во последните години. Брзото завршување на постапката, избегнувањето на строгите формалности на судската постапка, како и доверливоста во постапувањето се едни од карактеристиките на арбитражата, коишто бизнис заедницата ги препозна како корисни за надминување на споровите кои настануваат при секојдневното работење и за создавање на поволно деловно опкружување.

Со цел да се осврнеме на актуелните прашања и состојби од областа на арбитражното решавање на споровите, Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) организира меѓународна конференција:

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ - АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И МОЖНОСТИ-

Програмата на Конференцијата ќе опфати теми поврзани со арбитрабилноста и практичните прашања во врска со арбитражното решавање на споровите, Њујоршката конвенција, како еден од најзначајните меѓународни документи за развојот на арбитражата којшто оваа година одбележува 60 години од своето постоење на меѓународната правна сцена и инвестициската арбитража која доживува значителен подем во последните години.

Конференцијата ќе се одржи на 19 - 20 април 2018 година, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Учесниците ќе имаат можност да слушнат динамични и практично применливи излагања на истакнати стручњаци од земјата и од странство, и заедно со нив да дискутираат подетално на темите кои се дел од програмата на настанот.

Работни јазици на Конференцијата се македонски и англиски јазик.

Котизацијата за настанот по учесник изнесува 3.600,00 денари со вклучен ДДВ (секој дополнително пријавен учесник добива 10% попуст, а секој трет пријавен учесник од истиот правен субјект може да учествува без котизација).

Ве очекуваме да го пријавите Вашето учество со доставување пријавен лист кај следните лица за контакт: д-р Татјана Штерјова, е-адреса: tatjana@mchamber.mk, телефон: 02/3244-065, 070/276-023; м-р Нена Николовска, е-адреса: nena@mchamber.mk , телефон: 02/3244-054.

Со почит,

Постојан избран суд – Арбитража Стопанска комора на Македонија
Претседател,
Д-р Горан Рафајловски


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Татјана Штерјова
Тел: ++ 389 2 3244065
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: tatjana@mchamber.mk

Контакт: Нена Николовска
Тел: ++ 389 2 3244054
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: nena@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права