04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Сертификат за потекло

Сертификат за потекло на стоката

Работното време за издавање на докумнетите е секој работен ден од 7:30 до 16:00 часот. Доколку Ви е потребен документ надвор од овој временски период, јавете се на телефонот подолу и  ќе Ви помгнеме

Стопанската комора на Македонија ги издава и заверува следните документи - сертификати за потекло:


Form A - Сертификат за преференцијален третман на стоката

За заверка на кој и да било документ, доколку се појавувате првпат потребни се фотокопија на целосната регистрација и на картонот со депонирани потписи, а на увид се покажува оригиналната регистрација.
За издавање сертификат за потекло форма А потребно е пополнет сертификат форма А и изјава од производителот потпишана од одговорно лице. На самиот сертификат, на заднината на првата и на втората страна е објаснето како треба да се пополни и посебно е нагласено што треба да се напише во рубриката 8. Ако се работи за доработка се става процентот на доработката и се доставува и фактура на увезениот материјал

 

и

 -  Certificate of origin - Сертификат за потекло на стоката (процедури за издавање на ORIGIN);
За заверка на кој и да било документ, доколку се појавувате првпат, потребни се фотокопија на целосната регистрација и на картонот со депонирани потписи, а на увид се покажува оригиналната регистрација.
За заверка на сертификат за потекло ако стоката е 100 % од македонско производство, потребно е пополнет сертификат со печат и потпис и оригинал изјава од производителот потпишана од одговорно лице. Комората може да издаде и повеќе копии од сертификатот за потекло, доколку тие се потребни.

Доколку се работи за доработка, а се бара сертификат за потекло на стоката “Origin”, се доставуваат истите документи, плус се доставува и фотокопија од фактурата на увезениот материјал.



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Лазе Ангелевски
Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: laze@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права