03.09.2015 (Семинар)
Практична обука на тема:„ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ“

10.09.2015 (Семинар)
Советување на тема: ,,Најнови законски измени од областа на сметководството, даноците и деловното право со посебен осврт на измените на Законот за ДДВ, Законот за трговските друштва и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување“.

10.09.2015 (Семинар)
Еднодневен семинар:„Најновите измени во Законот за работни односи, Законот за прекрошоци, Законот за минимална плата и Законот за безбедност и здравје при работа“

16.09.2015 (Семинар)
Дводневен семинар: „ШТО СЕ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД ИЗМЕНИТЕ И ПРЕМИНУВАЊЕТО ВО СТАНДАРДИТЕ ISO 9001:2015 И ISO 14001:2015?”

17.09.2015 (Семинар)
Еднодневен семинар:„Обврските на работодавачите поврзани со превенција и справување со професионални болести и повреди при работа“

22.09.2015 (Презентација)
Бесплатна презентација на „TХK"- јапонска компанија за производство и продажба на машини за повеќе индустрии

23.09.2015 (Саем)
„Национален есенски саем за Земјоделство и прехрамбена индустрија во Будимпешта -OMÉK 2015“

24.09.2015 (Тренинг обука)
Дводневна обука: Комплексна продажба - мапа до успехот (Complex Sales - ROADMAP to Success)

25.09.2015 (Бизнис средби)
Бизнис-средби „Жени-претприемачи" во Белград, на 25 09. 2015

01.10.2015 (Форум)
5. ДУНАВСКИ РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС-ФОРУМ

13.10.2015 (Бизнис средби)
Бизнис-средби на Саемот „АНУГА“ во Келн, Германија

15.10.2015 (Бизнис средби)
„Match4Industry“ – бизнис-средби во Турција

20.10.2015 (Тренинг обука)
Академија за продажни вештини - втора генерација

21.10.2015 (Бизнис средби)
Бизнис-средби на Регионалниот саем за иновации во Арад, Романија

22.10.2015 (Конференција)
„Кон одржлив транспорт 2015“

30.10.2015 (Повик)
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ

03.11.2015 (Саем)
„ЕКОМОНДО 2015“ - Саем за зелени технологии

10.11.2015 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби 2015“ - Братислава, Република Словачка

06.12.2015 (Саем)
“9-ти Интернационален Саем за Мелничко Преработувачка и Пекарска Индустирја“ (IBEX)

26.02.2016 (Конференција)
Меѓународна конференција и саем ,,Новите технологии во образованието“ 26-27 февруари 2016 година, Белград, Србија

Основни информации

Деловен клуб за соработка со Франција и франкофоните земји

Француско – македонскиот деловен клуб (Club des affaires franco-macedonien) e заедничка иницијатива на македонските и француските претприемачи во Македонија, основан со поддршка на Стопанската комора на Македонија,  Амбасадата на Франција во Скопје, Амбасадата на Македонија во Париз, како и соодветните министерства во двете земји.
Нашата главна мисија е да станеме вистинско место за средба и прием на француските и македонските претприемачи за каква било стопанска активност помеѓу Македонија, франкофонските земји и особено Франција.
Нашата улога е да бидеме дополнување на официјалните институции кои ги помагаат билатералните стопанските односи помеѓу Македонија, франкофонските земји и особено Франција.

Конституирање

Февруари 2009
основање во рамките на Стопанската комора на Македонија со Одлука од Управниот одбор

Мај 2009 – поставување на управниот тим
Бернар Коениг, претседател (член на Надзорен одбор на Охридска Банка-Societe Generale Groupe)
 

Одлука за формирање на Клубот- 19.02.2009

Правилник за работа на Клубот-

Членство
Годишна членарина:
10.000 ден
за претпријатија кои не се членки на Стопанската комора на Македонија  
5000 ден
за претпријатија членки на Стопанската комора на Македонија
1000 ден
за физички лица кои се занимаваат со нестопанска дејност
(лекари, пензионери, професори)

Факти и бројки
Франција е на 18 место на скалата на трговска размена со Македонија во 2008 година со вкупна размена од 145,5 милиони САД долари од кои 24,3 милиони САД долари извоз, 121,2 милиони САД долари увоз. Најзастапени производи од извоз се топловалани производи од железо (4,9 $мил.), конфекција (2,3 $мил.), неизжилен тутун (2,7 $мил.) и прехрамбени производи (1,5 $мил.) Најзастапени производи од увоз се автомобили (32 $мил.), фармацевтски производи (8,2 $мил.), текстилни предива (5,6 $мил.), машини и опрема и други производи (89,5 $мил.) 

Услуги за членките

Настани
Платформа за претприемачите од Македонија заинтересирани за француско-македонските стопански односи и франкофонските земји
Организирање/учество на тематски семинари, округли маси, средби за воспоставување деловни контакти
Билатерални трговски средби 
Обезбедување на информации
Контакти од претпријатија
Основни стопански информации
Секторски информации
Помош при барање на партнери

За клубот рекоа...

Н.Е.Бернар Валеро, амбасадор на Франција во Македонија
«Неопходно е македонските деловни луѓе многу поагресивно да ги бараат  француските компании и да ги убедуваат во својот квалитет. Овој клуб, кој се формира навистина во вистинскиот момент и со иницијатива од бизнисот, и кој ние  интензивно ќе го подржуваме, може  да  стане мост за зголемувањето на размената.»

Г-дин Бернар Коениг, претседател на деловниот клуб
«Место за размена par excellence, овој деловен клуб ќе треба да им овозможи на македонските, француските и франкофонските претпријатија подобро да се запознаат и да ги разберат взаемно нивните квалитети така што ќе можат целосно да ги искористат нивните поединечни компетенции.»

Г-ѓа Сава Димитрова, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија
«Стопанската комора на Македонија го препозна моментот на потребата и можностите и застана зад ставот на француското Министерство за економија за формирање на Клубот со основна цел - поттикнување на развојот на стопанската соработка со Република Франција и со други 56 земји-членки на Франкофонијата, плус 14 земји-набљудувачи .»

Информација за трговската размена со франкофоните земји

Членки на Меѓународната Организација на Франкофонијата


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Наташа Стојаноска
Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: natasa@mchamber.mk








© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права