28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

05.09.2018 (Работилница)
ОБВРСКИ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА, ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ, РЕВИЗИЈА, РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ И ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

07.04.2017


Ставови  

Интервју за „Капитал“: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија - ПОТРЕБНИ СЕ ДИРЕКТНИ СТИМУЛАЦИИ НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ЗА ИЗВОЗ И РЕИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА


► Македонија веќе неколку месеци е во своевидна институционална блокада и без влада. Како тоа се одразува врз економијата и како реагира бизнисот на оваа ситуација?

Се чувствува многу подобро отколку во 1991 година, кога се распадна државата и целиот систем, во 1993 година кога имаше блокади кон Грција и Србија, 1999 година кога имаше војна во соседството, 2001 година кога имаше војна на нашата територија, 2008 година кога почна светската економска криза. Веројатно и сите овие неизвесности и екстерни шокови кои се многу чести на Балканот придонесоа бизнисот да изгради еден посилен имунолошки систем. Затоа и сметам дека и овој шок го пречекуваме поподготвени. Не можам да кажам дека бизнисот е изненаден и дека немал проценки дека политичката криза ќе трае многудолго. Токму затоа велам дека оваа ситуација е очекувана, дури можам да кажам дека бизнисот е подготвен и за натамошно комплицирање на ситуацијата. Но, подготвен е и адекватно да реагира на евентуално комплицирање на ситуацијата. Она што можам да го потврдам е дека инвестиционата активност е намалена и постои поголема внимателност кога станува збор за плаќањата. Тоа се отежнувачки фактори, но засега не се до тој степен изразени за да го сопрат крвотокот на бизнисот во Македонија. Она што можам да го кажам е дека бизнисот е подготвен и на поголеми шокови и во тој случај она што сигурно ќе се случува е одливање на капиталот надвор од границите на Македонија. Капиталот секогаш е подготвен да бара побезбедна и поизвесна локација. Тоа ќе биде одговорот на бизнисот на понатамошното комплицирање на ситуацијата во Македонија. Но, да се надеваме дека нема да дојде до таква ситуација.

 

► Каква е ситуацијата со плаќањата во економијата. Дали државата доцни со плаќањето на своите обврски кон фирмите и дали има задоцнети плаќања меѓу компаниите? Каква е ликвидноста кај компаниите?

Плаќањата во Македонија никогаш не се спроведувале перфектно. Ни во добрите, ни во лошите времиња за водење бизнис. Се обидовме проблемите со плаќањата да ги разрешиме со законска регулатива. Она што треба да се прави е доследно да се почитува законската регулатива, што е донесена во договор со бизнис заедницата, со која се надминаа многу несогласувања. Но, во делот на плаќањата на јавниотсектор кон приватниот сектор се оставија некои хибридни решенија кои го фаворизираа јавниот сектор, што создаваат проблеми. Она што е поголем проблем во делот на плаќањата е нефункционирањето на правосудниот систем, каде што нема никаков напредок со години, а што сериозно влијае на ликвидноста на компаниите. Правосудниот систем е бавен, неефикасен, споровите траат премногу долго и се фаворизира јавниот во однос на приватниот сектор. Секако дека и ние како комора упорно работиме на овој план, преку промоција и афирмација на користењето на алтернативните методи за решавање на споровите меѓу деловните субјекти, како што се медијацијата и арбитражата, но потребно е уште да се работи на овој план. Не очекуваме дека проблемот со плаќањата и неликвидноста ќе се реши со волшебно стапче и преку ноќ. Она на што мора да се работи е целосна реформа на правосудниот систем и доследно почитување и спроведување на законските обврски во делот на плаќањата.

► Сите проценки и пораки од меѓународната заедница се во насока дека на Македонија и е потребно итно формирање на влада и дека економијата не може долго да издржи ваква институционална блокада. Што како бизнис заедница очекувате од новата влада? Кои треба да бидат економските приоритети на новата влада?

За нас не постои стара и нова влада, туку постои само влада. Ние како бизнис заедница преговараме и разговараме за прашања и приоритети кои сме ги поставиле и кои сметаме дека се важни. Овој концепт го започнавме во 2010 година и ќе продолжиме да го спроведуваме и понатаму. Тој почива на три темелни принципи. Првиот принцип е дека на Македонија и е потребен склучување на договор помеѓу јавниот и приватниот сектор, по примерот на тој што се склучи во Германија во 1949 година. Со еден таков договор мора јасно да се разграничи мешањето на државата во приватниот сектор и обратно. Вакви договори постојат и во многу други земји и сметаме дека еден таков договор и е неопходен на Македонија, кој потоа ќе мора да го почитуваат сите следни влади и бизнис заедници. Вториот принцип е дека Македонија мора да направи долгорочна стратегија за економски развој. Ние немаме таква стратегија и затоа секој влада си носи свои економски политики, кои потоа многу тешко се применуваат во пракса, бидејќи претставуваат шокови за бизнисот. Значи, ние како бизнис заедница и како држава мора да ги поставиме и да ги знаеме кои се определбите за следните 10, 20 или 30 години, како би можеле бизнисмените да ги конципираат своите цели и планови. Плановите на компаниите ќе бидат поинакви ако владата ни каже дека проблемот со името со Грција нема да се реши во следните 30 години, а сосема поинакви ќе бидат ако се каже дека тој проблем ќе биде решен во следните три години. Претпоставките и очекувањата во бизнисот се многу значајни. Третиот принцип е потребата за единствен и функционален коморски систем во Македонија. Иако Стопанската комора на Македонија е водечка бизнис асоцијација во Македонија, ние сакаме ова прашање да се отвори и коморскиот систем конечно да се стави во функција на економскиот развој. Сите бизнис асоцијации треба да седнат заедно со државата и да го договорат патот каде и како ќе се движиме во следниот период. Во Германија и Австрија, на пример, имаатзадолжително коморско членство и тоа дава подобри резултати, бидејќи е целосно ставено во функција на моделот на економски развој договорен со државата. Сметам дека овие три клучни столбови мора да се договорат помеѓу бизнис секторот и државата во функција на поголем економски развој, без разлика што ќе се случува на политички план.

Ние како Стопанска комора на Македонија уште во 2010 година понудивме модел на економски развој кој вклучуваше 10 клучни прашања на кои ќе продолжиме да работиме и во следниот период. Тоа се изработка на нов модел на економски развој кој ќе ги поттикне производството и извозот, стратегија за забрзан економски развој, во чија основа ќе биде и економската поврзаност со претприемачите од малите земји, задолжителна консултација на бизнисот при донесување на законите и подзаконските акти, поддршка и промоција на извозот како потреба на бизнисот и привлекување на странски инвестиции како приоритетза зголемување на надворешно-трговската размена, социјално партнерство и трипартитен дијалог, подобрување на состојбите во правосудството како императив за подобра бизнис клима, квалитетни и брзи услуги испорачани од државната администрација, создавање на кадар во согласност со потребите на стопанството, научно-истражувачки анализи и вистински дијалог, а не паушални констатации и кадровско и организационо подигнување на Стопанската комора на Македонија.

► Ако треба да издвоите три проблеми кои се најгорливи за бизнисот на кои новата влада итно треба да се ангажира, кои би биле тие?

Тоа би биле реформа на правосудството, решавање на неликвидноста кај компаниите и сивата економија. Но, за овие проблеми да бидатнадминати, потребно е претходно спроведување на низа конкретни мерки кои се систематизирани и поткрепени во нашите 10 барања кои претходно ги споменав, а кои сметам дека се во интерес и на целата држава, а не само за бизнисот.

Добро би било во наредниот период да се работи на обезбедување рамноправен третман на домашните со странските инвеститори во делот на поддршка на извозни програми, за што треба да се изгради соодветна системска регулатива. Значи, да заклучам ние сме Македонија да продолжи со политиката на привлекување на странските директи инвестиции, но истовремено да се поддржат домашните компании преку директни стимулации на извозот и реиндустријализацијата и да изградиме една стабилна државна развојна банка којa ќе биде вистинска поддршка на развојните политики", вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија во кое тој зборува за приоритетите кои ќе се залагаат како претставници на најголемите компании во земјата.

► Во последно време бизнисмените и бизнис заедниците се се погласни дека е потребен еднаков третман помеѓу домашните и странските инвеститори. Што конкретно значи тоа и дали домашните инвеститори треба да ги имаат истите поволности и субвенции?

Концептот кој го застапува Стопанската комора на Македонија е отсекогаш јасен. Ние сме и за привлекување на странски инвестиции и за поддршка на домашниот бизнис. Она што можам да го кажам е дека агресивната политика на владата во делот на привлекувањето на странските инвеститори како да ги фрустрира домашните инвеститори, а не ги поттикна. Членките на Стопанската комора на Македонија, не само што ја поддржуваат секоја бизнис-иницијатива, туку и во рамките на секторските здруженија и совети имаат свои членки од слободните зони, што го потврдува фактот дека бизнис-заедницата нема ништо против интензивното привлекување странски инвестиции, но домашните компании (вклучувајќи ги и странските инвеститори кои имаат регистрирани бизниси надвор од зоните) бараат изедначување на условите за водење бизнис на домашните и на странските инвеститори во зоните, со цел да се избегне нерамноправниоттретман на пазарот. Секаде во светот постојат технолошко-индустриски развојни зони кои имаат определени поволности во работењето, но сепак не треба да се занемаруваат сите домашни и странски инвеститори кои имаат компании надвор од зоните. Мислам дека требаше да има конкретна алтернативна поддршка на домашниот бизнис која требаше да оди преку државната развојна банка Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). Нашето стопанство, како мала, отворена економија, за да одржи долгорочен раст, треба и понатаму да ја поддржува извозната ориентација на домашните компании. Добро би било во наредниот период да се работи на обезбедување рамноправен третман на домашните со странските инвеститори во делот на поддршка на извозни програми, за што треба да се изгради соодветна системска регулатива.

Значи, да заклучам ние сме Македонија да продолжи со политиката на привлекување на странските директи инвестиции, но истовремено да се поддржат домашните компании преку директни стимулации на извозот и реиндустријализацијата и да изградиме една стабилна развојна банка којa ќе биде вистинска поддршка на развојните политики.

► Дали се потребни даночни олеснувања и субвенции кои би се доделувале на транспарентен начин како за странските, така и за домашните инвеститори?

Очигледно е дека работењето на новите странски инвестиции во последните години влијаеше на диверзифицирање на нашиот извоз, како во поглед на производите и дестинациите, така и во поглед на зголемената технолошка интензивност. Би било добро политиките да се надградат и во делот на субвенционирање и на домашните компании со државна помош во делот на вработување и стручно оспособување, како и со мерки на економската политика со кои ќе се стимулираат партнерството помеѓу странските производствени компании што работат во Република Македонија, локалните мали и средни претпријатија и финансиските институции преку обезбедување помош за унапредување на квалитетот, количествата и сигурноста на производите преку технички и менаџерски вештини, деловно планирање и пристап до капитал. Зголемената технолошка и деловна софистицираност на локалните добавувачи, за возврат, ќе овозможи повратни врски со странските директни инвестиции и ќе го стимулира извозот. Значи, покрај одредени даночни ослободувања, домашните компании треба да се стимулираат и со мерки за модернизација на капацитетите и иновирање на технологијата, помош и даночни ослободувања за отворање на нови работни места и за обука и усовршување на вработените кадри кои што му недостасуваат на пазарот на трудот. Поагресивно треба да се стимулира воведувањето и примената на нова технологија, да се наградува ангажирањето на домашни иноватори и да се организира производство на база на домашни иновации. Но, сепак македонските компании во овие услови на глобализација и неизвесности и шокови во кои работат остваруваат солидни резултати.

Ние како мала економија мора да најдеме начин како да преживееме и да се прилагодиме на глобализацијата, во спротивно ќе бидеме жртви. Ако овие големи странски инвеститори не влезеа кај нас, ќе влезеа во некоја друга земја од регионот.

Правосудниот систем го фаворизира јавниот сектор Она што е поголем проблем во делот на плаќањата е нефункционирањето на правосудниот систем, каде што нема никаков напредок со години, а што сериозно влијае на ликвидноста на компаниите. Правосудниот систем е бавен, неефикасен, споровите траат премногу долго и се фаворизира јавниот во однос на приватниот сектор.

► Во последно време многу компании посочуваат дека имаат проблем со работната сила. Како ќе се одразува овој проблем врз македонската економија во услови кога многу луѓе одлучуваат да се иселат од земјата?

Проблемот со вработувања е проблем, но миграцијата и иселувањето на луѓето од земјата не е причина заради која постои тој проблем. Иселувањето и миграцијата постоела и ќе постои, и тоа е глобален процес. Не треба да се занимаваме со проблемот дали некој ќе одлучи да си замине од државата, туку треба сите напори да ги насочиме кон тоа како да создадеме подобри услови за тие да одлучат да останат да работат и создаваат во Македонија. Секој може да има предизвик да си замине од Македонија, бидејќи едноставно Македонија е мала земја. Реалниот проблем со работната сила е неусогласеноста на образовниот систем со потребите на стопанството. На оваа индустрија којаја има Македонија, вклучително и на странските инвеститори кои отвораатфабрики во земјава, им се потребни квалификувани кадри со специјализирано стручно образование, а не им требаат толкав број на високообразовни кадри. Станува веќе бесмислено какви кадри се произведуваат во нашиот образовен систем. Стигнавме во фаза во која и оние кои работат на шалтер во банки, уште малку и касиерките, ќе треба да имаат завршено факултет. Ние ги лажеме младите генерации, бидејќи македонската економија не може да го апсорбира тој кадар. Мора да го слушнеме гласот и потребите на бизнисот и на индустријата. Стопанската комора на Македонија има конкретно решение, а тоа е воведување на дуалниот систем на образование во средните стручни училишта. Тој принцип е воведен во Германија и во некои други земји и според него образованиот систем произведува кадар, каков што и потребен на индустријата, и што е уште позначајно, таквиот систем на образование, доведува до намалување на стапката на невработеност на помалку од 8%, посебно на младата популација. Конкретно, треба само да се донесат соодветни законски решенија и тие да се имплементираат во пракса.

► Како ги коментирате овие лицитации за зголемување на минималната плата кои во изминатиов период доаѓаат од двете најголеми политички партии? Како реагира бизнисот на овие предлози?

Ние сме одлучиле да градиме капитализам, но сакаме да имаме капитализам со социјалистички обележја или капитализам без капиталисти. Имаме примери на успешни бизнисмени кои се на судот на срамот во Македонија и мораат да се бранат зошто се успешни, зошто направиле голем профит, зошто откако платиле данок го изнесле профитот надвор од земјата или зошто некој, откако ги платил сите придонеси и даноци, зема толку висока плата.

Во последниве 15 години има напредок во сфаќањето и фокусирањето на бизнисот и економијата. На пример, денес нема сериозна политичка партија во која економијата не е во фокусот, се зборува многу повеќе за економијата во медиумите... Тоа е поразлично. Но, имаме уште многу за да ги прифатиме правилата и принципите на капитализмот.

Она што јас би го посакал е во следните 20-30 години да останеме стабилни и независни како држава. Откако ќе преживееме барем 50 години, потоа ќе биде полесно. Југославија не успеа да преживее 50 години, веројатно затоа што немала цврсти темели. Македонија како држава, па и нејзината економија и компаниите, преку сите овие кризи и шокови станува поцврста и поотпорна. Добрите компании ќе преживеат и ќе се надградува системот.

► Гледате ли некоја конкретна опасност за тоа?

Да, гледам три опасности или лимитирачки фактори, гледано од аспект на бизнис заедницата која ја претставувам. Првиот ограничувачки фактор е меѓународен. Се наоѓаме во фаза на меѓународно прегрупирање. Македонија е мала земја и постои реална опасност повторно да останеме последни, затоа што немаме навреме информации за процесите кои се случуваат во светот. Денес, на меѓународната сцена ги има Кина, Индија, Бразил, кои до пред 30 години не претставувале никаков значителен фактор. Сите овие процеси можат да создадат опасност за малите земји, кои можат да бидат колатерална штета од прегрупирањето на односите помеѓу големите сили. На регионален план опасноста ја гледам во фактот што ние досега не успеавме да изградиме никакви препознатливи регионални иницијативи, инфраструктура... Европската унија е изградена врз основа на регионална соработка, и таа порака ние никогаш не успеавме да ја разбереме. Денеска, ситуацијата во регионот на полето на регионална соработка е полоша отколку во 1991 година.

Кога пред неколку години зборував дека бизнисот е единствениот кохезивен фактор во регионот, на многумина тоа им звучеше како флоскула. Во денешните разнебитени политички односи на Балканот, само бизнисмените одржуваат комуникација и на релација Србија со Хрватска, Србија со Косово, Македонија со Грција... Секаде каде што политичарите не успеваат да најдат заеднички јазик, бизнисмените ги имаат воспоставено тие врски и односи, и комуницираат помеѓу себе. Третиот ограничувачки фактор е домашната економска сцена. После 25 години ние се уште зборуваме за модел и стратегии на економски развој, за нов систем на образование кој ќе биде во функција на економијата, се уште зборуваме дека економските закони не смеат да се носат по скратена постапка без да се консултира бизнис заедницата. Бизнисот и во вакви неизвесни услови полни со шокови има постигнато многу. Дали сме можеле повеќе? Сигурно сме можеле, да не биле условите вакви какви што се, и да сме имале функционално правосудство и владеење на правото и нормални услови за бизнис како што има во нормални држави. Она што сакам да го кажам е дека мора да бидеме свесни за опасностите и за ограничувањата во кој работи бизнисот во Македонија.

► Дали меѓународната заедница гледајќи што се случува во регионот на политички план почнува се посилно да турка регионални економски проекти за да не научи како треба да се соработува? Сега последна е идејата за царинска унија во регионот која јавно ја турка Србија, а зад која застана официјално и Европската унија?

Целосно го потврдувам тоа. Факт е дека се работи на иницијативи за економско поврзување и сметам дека е добро економски да се зацврстува соработката во регионот. Уште во 2014 година со отпочнувањето на Берлинскиот процес тоа беше јасно кажано како правец во кој ќе се движи регионот. Најмоќната европска земја Германија е официјално зад таа идеја на регионално економско обединување на Западен Балкан и ние како земји мора да ја искористиме оваа шанса. Ние ќе бидеме принудени да го научиме јазикот кој го зборуваат развиените западни земји.

Во јули годинава во Италија се одржува следната средба на која ќе се разговара за Берлинскиот процес и на која ќе треба да се предложат заеднички регионални проекти за кои ЕУ има обезбедено конкретни фондови.

.

Кого претставува Стопанската комора на Македонија?

Функцијата на коморите многу добро ја има опишано Џејмс Харолд Вилсон, кој бил премиер на Велика Британија во седумдесеттите години. Тој рекол “Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирањето на законите, отколку како опонент во нивната примена”.

Во изминатиот период често ни се поставуваше прашање кого ние како Стопанска комора на Македонија претставуваме. Стопанската комора на Македонија годинава прослави 95 години од нејзиното основање.

Денес во органите и телата на Стопанската комора на Македонија седат претставници на над 15 илјади компании од Македонија. Тоа е огромен човечки, умствен и професионален капацитет. Неодамна нарачавме студија од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, која ќе биде готова во јуни годинава и која точно ќе прикаже кого претставува Стопанската комора на Македонија и колку е нејзината сила, колку компаниите и нејзини членки учествуваат во БДП, во извозот,вработувањата...

На 11 април во Стопанската комора ќе промовираме нова книга “Развојните перспективи на коморскиот систем во Македонија” чии автори сме јас и Елена Милевска Штрбевска, која е оперативен директор на Комората.

Според мене, коморското здружување мора да биде ставено во функција на економскиот развој. И ние мора да ги прифатиме решенијата на тие земји кои посигнале многу добри резултати откако ги поставиле коморите да бидат поддршка на економските политики. 

Стопанската комора на Македонија е една од ретките кои опстојуваат на доброволно здружување. И тоа е во ред, посебно во поглед на независноста која ја имаме како институција.

Иднината на коморското здружување е во заедничка програмирана политика со државата во што коморите ќе имаат свој удел. Но, тоа не може да се случи ако државата нема изградено модел на економски развој и економска стратегија, на кои ќе се прилагодат коморите.

Ако сакаме да го реорганизираме коморскиот систем неопходен е прво, договор помеѓу приватниот и јавниот сектор за немешање во надлежностите, второ да се изгради стратегија за економски развој во следните 20 до 30 годни и тогаш спрема таквиот модел да се одбере коморски систем кој ќе биде ставен во нејзина функција.

Германија на пример, има коморски систем на задолжително членство и тој е ставен во функција на агресивната извозна политика на државата. 

Значи не може да зборуваме во Македонија за модел на коморски систем, ако немаме модел на економски развој.

Во развиените политичко-економски системи се води посебна сметка на коморите да им се обезбеди стабилност и постојано да се зголемува нивниот авторитет. Ова се обезбедува со реализација на политиката на усогласување на меѓусебните односи на јавниот и приватниот сектор преку воспоставување партнерство и дијалог со различно ниво на задолжителност. Но, пазарниот систем природно инсистира на ефикасен коморски систем. Во сите успешни економии деловните асоцијации се еден од одлучувачките фактори за насочување на стопанскиот раст и создавање на поттикнувачка и просперитетна деловна клима, која на крајот на краиштата создава капитал и можности повеќе да се троши. 

Токму таков коморски систем треба да функционира и во Македонија, а во таквиот процес на тежнеење кон совршенството, свесни сме дека, покрај сите други, и нашата куќа на бизнисот треба да се приспособи и да направи некои нужни реформски чекори за постигнување на оваа цел, а ние сме подготвени и за овој нов предизвик. 

(КАПИТАЛ)











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права