23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Податоци за дејноста

Здружение на метална и електроиндустрија


Економски движењаза метална и електроиндустрија 2016 год

Металната и електроиндустријата претставува комплементарна изаокружена технолошка целина во националната економија и се од посебно значење за развојот на земјата. Производите на металната иелектроиндустријата имаат карактер на трајни потрошни добра и се одинвестиционо значење, а дел од производството е наменето за широка потрошувачка.

Во Здружението на металната и електроиндустријата членуваатфирми репрезенти од дејностите: производство на метални производи вометалопреработувачката фаза, производство на машини иуреди, производство на електрични машини и апарати, производство намоторни возила и производство на други сообраќајни средства и опрема затранспорт.
Во овие дејности инсталирани се повеќе капацитети за преработка на основните метали во повисок степен на финализација, како што се, специјални алатни машини-роботи, разни видови на машини, алати и нивни делови, челичниконструкции, мостови и нивни делови, процесна нестандардна опрема за енергетски објекти, металургија, хемиска индустрија,прехранбена индустрија и друга индустрија, производи за градежништвото (арматурни мрежи, алуминиумски прозорци и врати, заштитни врати,жичани производи), апарати на цврсти горива и камини, пумпи за течни флуиди и нивни делови, апарати за домаќиндството, за хотели и ресторани, медицинска опрема и помагала, енергетска опрема (разни видови на трансформатори, енергетски кабли, колектори за соларна енергија, табли, плочи, пултови и ормани, контактори и релеи),разнивидови на бојлери поцинкувани, емајлирани од росфрај, делови за моторни и шински возила, опрема затранспорт,стартер оловни акумулатори, машини иапарати за филтрирање и пречистување на течност и гас, електроника и делови за автомобилскатаиндустрија, автобуси и надградба на стопански возила.

Во фазата на преструктуирање преку процесите на приватизација, како и при странскивложувања преку Green field инвестиции во изминатиот период остварени се значајни странски вложувања во производството на делови за автомобилскатаиндустрија, автобуси, сопирачка опрема за шински возила, ,стандардна и нестандардна опрема, трансформатори, оловни стартер акумулатори,во преработка и конфекционирање на арматурно железо и други производи.

Долгогодишните вложувања во домашните компании и новите странски инвестиции во овие гранки овозможија да продолжат позитивните трендови во делот на производствотo и размената со странство. Така, овој сектор го зголеми учеството во БДП по основни цени што сега изнесува 4,9%, во структурата на физичкиотобем на индустриското производство на ниво на индустијата и рударствотоовие гранки учествуваат со 21,23%  во вкупниот извоз на земјата со 29,54%Над 80% од производството сепласира во земјите на ЕУ, поранешните ЈУ-републики, Југоисточна Европа, САД идруги земји, а останатиот дел на домашниот пазар. Ваквите резултати се остварени во период на глобална и регионална економска криза.

Индекс на индустриско производство 2016/2015

Вкупно

103,4

Производство на фабрикувани метални производи

88,8

Производство на електрична опрема

113,2

Производство на машини и уреди

122,0

Производство на моторни возила

151,2

Производство на останата опрема за транспорт

98,7

Учество структура на индустриски производство

 

Производство на фабрикувани метални производи

3,50

Производство на електрична опрема

4,33

Производство на машини и уреди

8,25

Производство на моторни возила

4,81

Производство на останата опрема за транспорт

0,34

Вкупнометална и електроиндустрија

21,23%


Извоз и увоз според дејности метална и електроиндустрија за 2016 год

ИЗВОЗ

УВОЗ

Учество во вкупниот извоз

Учество во вкупниот увоз

оддел назив

КГ

вредност во САД $

вредност во ЕУР

КГ

вредност во САД $

вредност во ЕУР

25

Готови метални производи, освен машини и опрема

34.845.011

55.187.136

49.854.615

48.377.279

148.117.109

133.859.051

1,15

2,19

26

Компјутери, електронски и оптички производи

324.640

30.506.335

27.571.018

4.743.034

301.203.693

273.135.081

0,64

4,46

27

Електрична опрема

41.948.210

208.697.438

189.074.482

52.178.616

426.104.244

385.621.354

4,36

6,31

28

Машини и опрема, неспомнати на друго место

13.510.786

592.718.576

536.026.962

51.145.457

390.532.120

353.129.865

12,38

5,78

29

Моторни возила, приколки и полуприколки

31.437.206

504.858.154

456.672.048

78.951.909

368.779.452

333.023.857

10,55

5,46

30

Останата опрема за транспорт

1.332.538

21.427.828

19.368.861

2.710.089

28.359.525

25.493.515

0,45

0,42

 

Вкупно метална и електроиндустрија

 

1.413.395.467

 

 

1.663.096.143

 

29,54

24,61

Вкупно

2.783.956.421

4.787.198.772

4.329.266.624

5.979.707.551

6.757.450.102

6.106.727.495

100,00

100,00

 

Во изминатите години перманентно растат извозните активности на компаниите со што за 2016 година металопреработувачката и електроиндустријата остварија извоз од 1.413.395.467 САД долари, а најголем извоз оствари производството на мaшини и опрема, од 592.718.576 САД долари и производството на моторни возила од 504.858.154 САД долари.

Според статистичките податоци, над 80% од производството се пласира во земјите на ЕУ, поранешните ЈУ-републики, Југоисточна Европа, САД и други земји, а останатиот дел на домашниот пазар.

Пазарите на Европската унија немаат големи бариери за македонските производи од металната и електроиндустријата, но, како главна пречка што оневозможуваат некои производи од металната и електроиндустријата да влезат на пазарите на ЕУ претставува се` уште недоволното воведување на потребните стандарди кои се бараат за секој производ.

Најзастапени производи во извозот се: машини и апарати за филтрирање и пречистување на течност и гас, електроника за автомобилскатаиндустрија, табли, плочи, пултови и ормани, автобуси, делови за моторни возила и делови за каросерии, челични конструкции, решеткасти столбови и нивни делови, бојлери,електрични проводници-кабли, жичани производи, шпорети на цврсто гориво и уредиза загревање, акомулатори и нивни птримарни келии, сопирачка опрема за шинскивозила, пумпи и нивни делови, медицинска опрема, трансформатори, апарати зазаштита на електрични струјни кола, разни видови на машини, печатени кола идруги производи.

Број на активни субјекти според податоци од Бизнис мрежа од Централен регистар во овие дејности се 1264 стопански субјекти










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права