24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

25.05.2017 - 27.05.2017


Тренинг обука Хотел „Славија Гарни“ Белград, Р. Србија ,  Србија

Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)



Советување на тема:

Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место
 (стрес менаџмент стратегии и техники)

25-27 мај 2017 година
Хотел „Славија Гарни“ Белград, Р. Србија
http://www.slavijahotelbeograd.com/

 


Стопанската комора на Македонија, од 25-27 мај  2017 година Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес менаџмент  (стрес менаџмент стратегии и техники) , што ќе се одржи во  хотелот „Славија Гарни“ во Белград, Р. Србија, каде ќе имате можност да го следите предавањето кое е всушност тренинг обука исполнета со интерактивни вежби преку кои ќе може да научите како да ги унапредите своите  комуникациски вештини како на деловен план, така и на приватен план,  да разберете која е разликата помеѓу лидерство и управување; правилно да оцените во кои ситуации да се водите по разум, а кога по емоции; начини за унапредување на личните и тимските вештини и останати техники кои ќе Ви помогнат полесно да се реализирате на деловен план.
Антистрес тренингот е наменет за професионалци кои се соочуваат со предизвиците на динамичниот и турбулентен животен стил кој делува на психофизичкото здравје. Тренингот овозможува ефикасна обука за употреба на научно базирани стрес менаџмент стратегии и техники во секојдневниот живот со цел превенција на негативните ефекти од стресот. Учесниците ќе научат како да ги применуваат техниките на работното место, да го идентификуваат оптималното ниво на стрес, а когнитивно бихејвиоралниот модел ќе им овозможи полесно самоспознавање и контрола на стресните ситуации.
Во вториот дел на работилницата, ќе бидат прикажани автентични вештини во управување со конфликтни ситуации во интерперсоналните односи. 
За кого е наменетo советувањето?
Советувањето е наменето за сите вработени во приватниот и во јавниот сектор и тоа за   менаџери, директори, управители и раководители во компаниите, вработени во правните и финансиските служби,  вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во дадената проблематика.
Придобивки од обуката:
•Релаксација;
•подобра лична и работна ефикасност;
•јакнење на комуникациски вештини;
•справување со конфликт;
•мотивираност;
•креативност;
•концентрација;
•организациски бенефит.
Содржина на актуелни теми:
I Модул  
- Тело-ум поврзаност (КБТ-модел);
- Mониторинг на стрес.
II Модул
- Стрес  менаџмент техники; 
- Интерактивни вежби – примена во пракса. 
III Модул
- Такт и ритам во интерперсонални односи.
IV Модул
- Предизвик за промена.
Предавач:

- д-р Вера Јовановска Типко, психијатар и когнитив бихејвиор психотерапевт. Нејзиното долгогодишно професионално искуство се темели на научно базиран третман, истражување и едукација за подобрување на психичкото здравје и личната благосостојба. Во тек на професионалната кариера ја изработува програмата за здрава компанија - стратегија за долготраен корпоративен успех која вклучува обуки за стрес менаџмент, mindfulness, комуникациски обуки со асертивен тренинг, емотивна интелигенција, конфликт менаџмент, вештини за јавен говор и преговарачки вештини.
АРАНЖМАН
Сместување и превоз:
- Цената за сместување во двокреветна соба, по учесник, изнесува 10.850 денари.
- Цена за сместување во еднокреветна соба изнесува 12.710 денари.
(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на туристичката агенција на Вашата електронска пошта).
Котизација за советувањето:
 - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ).
      Секој трет и нареден учесник добива 20% попуст на котизацијата.
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Белград- Скопје  (тргнување на 25 мај 2017 година, во 6:00 часот и враќање  на 27 мај 2017 година во попладневните часови);
-  2 ноќевања на база полупансион  во хотел „Славија Гарни“, http://www.slavijahotelbeograd.com/, Белград;
-  користење на конференциска сала;
-  кафе и освежување за време на паузите;
-  организација на патувањето.
 
       Во цената на аранжманот не е вклучено:
• патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци.

*   Рок за пријавување: 8 мај 2017 година.

Пријавувањето за советувањето после овој рок  ќе зависи од распложливите капацитети на хотелот „Славија“ -  Белград.

Минимален број за реализирање на ова советување е 20 учесници.
     
 За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
-  сертификат за присуство на семинарот.

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права