11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

30.11.2018 - 30.11.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА


Еднодневен семинар на тема:

ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

30.11 2018 година (петок)
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат


          Стопанската комора на Македонија, на 30.11.2018 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за трговски друштва и Законот за облигациони односи кои ги  предвидуваат правата и обврските на органите на управување на правните лица и нивна одговорност за надомест на штета. На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и практичен дел поврзан со дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки.

         Ќе биде опфатена и анализирана објективната одговорност од опасен предмет и дејност и дејствијата кои согласно закон треба да ги преземе работодавецот со цел да се превенира и спречи настанување на штета  од повреда при работа.

ПРОГРАМА

- Општо за правата и обврските на органите на управување на  правните лица согласно   Законот за трговски друштва и за одговорноста за надомест на штета согласно Законот   за трговски друштва и Законот за облигациони односи;
- Дилеми и спорни правни прашања кои се јавуваат во судската практика во
  однос на овој вид на одговорност;
- Општо за објективна одговорност на работодавец (од опасен предмет и
  дејност) за повреда при работа согласно одредбите од Законот за облигациони односи;
- Примери од судска практика;
- Надомест на нематеријална штета за душевна болка поради смрт или
  тежок инвалидитет на блиско лице.

Овој семинар е наменет за вработените во правните служби на правните лица, адвокатите и за законските застапници.

Предавачи:

 - Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје и
 - Кети Германова, судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручек и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 26.11.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права