27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

16.05.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „AgroB2B@NSFair" 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

26.01.2018 - 28.01.2018


Советување Солун,  Грција

Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)


       Советување на тема:

ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ
 (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

26-28 јануари 2018 година
Солун, Грција


Стопанската комора на Македонија од 26-28 јануари 2018 година , Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ  (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози) кое ќе се одржи во во Солун, Грција.
Согласно  Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15), од јануари 2018 година истите задолжителното - 100% ќе се спроведуваат по електронски пат.
На советувањето ќе се разгледаат најчести грешки и проблеми кои настануваат при спроведување на јавните набавки и тоа од подготовка на годишниот план за јавни набавки до објавување на склучените договори, електронските постапки и на што треба да се ВНИМАВА, што е исклучително важно за сите лица инволвирани во јавните набавки.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

Целна група: економските оператори и договорните органи.
Советувањето е наменето за сите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат или имаат интерес да учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за лицата кои ги подготвуваат и поднесуваат понудите,  менаџментот кој одлучува за содржината на понудите, како и за договорните органи кои од друга страна се заинтересирани за добивање на „најдобра вредност за парите“ при набавката на стоки, услуги и работи.

Цел на советувањето:


Целта на сoветувањето е економските оператори и договорните органи преку интерактивен пристап да разменат искуства и да дискутираат за дилемите поврзани со јавните набавки. Воедно, преку добивање на вистинските одговори да можат поуспешно да ги подготват своите понуди и да ги спроведат постапките до склучување договор за јавни набавки. Всушност, овој пристап на учење на економските оператори ќе им помогне да бидат поконкурентни на пазарот на јавни набавки, а на договорните органи ќе им овозможи навремено да ги отстранат сите ризици кои би можеле да го попречат успешното спроведување на постапките за јавни набавки.

Содржина на актуелни теми:

-Случаи на „добра пракса” при спроведувањето на јавните набавки;
-Практични примери на најчести грешки при спроведување на постапката;
-Најчести прашања на економските оператори во однос на постапките за доделување
договори за јавни набавки;
-Детално опишување на е-набавките и алатките што ги нуди ЕСЈН;
-Електронски понуди и дигитални сертификати;
-Нови алатки (pre-view на ТД, огласи на меѓународни инстутуции, електронско плаќање на ф-рите од ЕСЈН);
-Идни надградби и предлози за нови функционалности (е-жалба, е-архивирање на постапките за јавни набавки, е-маркет и е-каталози);
-Други прашања од интерес на учесниците.

Предавач е истакнат експерт од Бирото за јавни набавки при  Министерството за  финансии на РМ.

АРАНЖМАН:
Сместување и превоз
- Цената за сместување по лице во двокреветна соба, на база ноќевање со појадок и една свечена вечера, по учесник изнесува 12.500 денари;
- за сместување во еднокреветна соба се доплаќа 3.000 денари.
(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на туристичката агенција на Вашата електронска пошта).

Котизација за советувањето:

- Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ). Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 10% попуст на котизацијата;
- превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Солун - Скопје (тргнување на 25 јануари 2018 година, во 6:00 часот и враќање  на 27 јануари 2018 година во вечерните часови);
- 2 ноќевања на база ноќевање со доручек во хотел сo 4 * во Солун;
- свечена вечера во традиционален грчки ресторан, таверна „Лададика“;
користење конференциска сала;
- кафе и освежување за време на паузите на советувањето;
- панорамски разглед на Солун: Белата кула, Гаелерисовата арка, црквата Свети Димитрија;
- посета на шопинг центарот „Медитеран Космос“ и на „Икеа“.
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
•патничко осигурување, влезници во културноисториските споменици и индивидуални факултативни трошоци.

*Поради ограничен број на места крајниот рок за пријавување е до 12 јануари 2018 година.
* Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата.

Пријавувањето за советувањето после овој рок  ќе зависи од распложливите капацитети на хотелот.
Сигурна реализација е со пријавени минимум 15 учесници.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- сертификат за присуство на семинарот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права