11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

17.10.2018 - 17.10.2018


Бизнис средби Виена, Австрија,  Австрија

Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018


ПОКАНА

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“
БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ - ПРОИЗВОДИТЕЛИ
НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ
НА ГОЛЕМО И МАЛО
17 октомври 2018 година
Стопанска комора на Австрија, Виена
https://food2018.b2match.io 


Почитувани,

Стопанската комора на Австрија, заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, организираат деловни средби меѓу австриски фирми - производители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи од целиот свет.

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. 

Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. Настанот ќе се одржи на 17.10.2018 година (среда), во Стопанската комора на Австрија во Виена.

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди можност за компаниите увозници на прехранбени производи, храна и пијалаци од Македонија и од светот со цел да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат деловна соработка со познати компании и експерти за производство и трговија на големо и на мало со храна и пијалаци од целиот свет. На средбите ќе учествуваат најпознатите увозници и трговски фирми на прехранбени производи од регионов, како, на пример: „Atlantic Grup“, „Delhaize“ - Србија („Maxi“- супермаркети), „Delta DMD“, „METRO Cash & Carry“ - Србија, „Orbico“, „Al Grosso“ - Србија, „Balfin Group-Spar“ - Албанија, „Distribution & Development ADD“ - Албанија, „RE WE-Group-Billa“ - Хрватска и други, кои се пријавени и ќе учествуваат на овој настан.

На следниов линк: https://food2018.b2match.io можете  да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, да ја видите програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот.

Сите заинтересирани за учество на овој настан ќе треба да се регистираат на следниот линк: https://food2018.b2match.io Рокот на пријавување е до 31.8.2018 година.

За компаниите кои ќе се пријават за учество на деловните средби обезбедени се: две ноќевања со појадок во хотел со 4 ѕвезди.
Трошоците за превозот Скопје - Виена - Скопје се на товар на самите компании.  Бројот на местата е ограничен.

За дополнителни информации во врска со настанот, обратете се до лицата за контакт од Стопанската комора на Македонија: м-р Ивана Крстевска, телефон: 02 3244-051, е-адреса: ivana@mchamber.mk и м-р Ирена Мојсовска, телефон: 02 3244-009, е-адреса:  irena.mojsovska@mchamber.mk.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ивана Крстевска
Тел: ++ 389 2 3244051
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivana@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска
Тел: ++ 389 2 3244009
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: irena@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права