23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

25.12.2017


Актуелно  

СРЕДБА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО БИТОЛА СО МАКЕДОНСКО-РУСКАТА КОМОРА


На 23.12.2017 година во Битола, претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски и претставници од неколку компании во регионот реализираа работна средба со извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора во Р. Македонија, Дејан Бешлиев.

 

Средбата се одржа по покана на Македонско-руското здружение во Битола по повод 25 години од неговото постоење.

На настанот учесниците примарно се осврнаа на трговската соработка на Р. Македонија со Руската Федерација и можноста за учеството на македонски компании од Пелагонискиот регион на рускиот пазар. Посебно интересен факт за македонските компании е што Руската Федерација увезува 65% од храната којашто е потребна за целата држава, па македонските производители и преработувачи се конкурентни на тој пазар.

Дејан Бешлиев ја нагласи долгогодишната соработка со Стопанската комора на Македонија и изрази задоволство од досегашните резултати, а воедно предложи таа соработка да се продлабочи и на регионално ниво.

Претседателот Мирко Велковски се заблагодари на искажаниот интерес и ја истакна својата заложба за промоција на извозните капацитети од регионот, како и можноста  за пласман на производи од овој регион на нови пазари.

Како заклучок на средбата беше одлучено да се организира бизнис настан на којшто на компаниите од битолскиот регион би им се презентирале потенцијалите на рускиот пазар.

м-р Никола Димковски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права