11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

06.12.2018 - 07.12.2018


Конференција Брисел,  Белгија

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ


 

Покана за учество

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018

6-7 декември 2018 година
Брисел, Белгија

      Стопанската комора на Македонија, во соработка со Академија за Европско право (ЕRA), ве поканува да земете учество на овогодинешната Конференција за финансиска супервизија во ЕУ 2018, што ќе се одржи во периодот од 6 до 7 декември 2018 во Брисел, Белгија. Конференцијата е наменета за банкарскиот сектор, сите финансиски институции, осигурителни компании, супервизори кои работат за надзорните органи на ЕУ и адвокатски канцеларии и правни лица кои се занимаваат со банкарски и виртуелни валути.
 
Клучни теми на Конференцијата:
• Преглед на европските надзорни органи;
• Акционен план на Комисијата за FinTech;
• Ризикот од перење пари преку крипто- валути;
• Практични чекори за управување со ризици од страна на националните надзорни органи: споделување на добри практики;
• Базел IV;
• Нов закон за банкарство на мало и неговите импликации за супервизорите;
• Брегзит.
   

   Овогодинешната Конференција ќе им обезбеди на учесниците сеопфатен преглед на супервизорската рамка во врска со FinTech, со фокус на виртуелни валути. Ќе ги информира во врска најновите трендови и предизвици во банкарскиот сектор на ЕУ поради претстојните правила на Базел IV, Брегзит и приливот на иновации кои влијаат на овој сектор.


      На крајот од дводневната конференција учесниците ќе се стекнат со дополнителни знаења и вештини во врска:
• надзорните проблематики поврзани со крипто-валутите со коишто би можеле да се соочите при вашето работење;
 • како вашите колеги во моментов се справуваат со овој предизвик;
• за плановите на Комисијата за FinTech;
• за релевантните трендови во банкарскиот сектор на ЕУ;
 • новините за Брегзит и како тоа ќе влијае на супервизорите во ЕУ?

      Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани, своето учество да го пријават најдоцна до 26.11.2018 година (понеделник), со пополнување на пријавниот лист во прилог.

Лица за контакт:
-     м-р Сања Николова, телефон: 02 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
-   Елизабета Андриевска Ефтимова, телефон: 02 32 44 074, е-адреса: beti@mchamber.mk.

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: Sanja@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права