27.03.2017 (Форум)
Бизнис-форум на тема: „Македонија – Мексико – Бизнис-можности и зајакнување на билатералната соработка“-27.03.2017, Стопанска комора на Македонија

28.03.2017 (Презентација)
Инфо сесија на Фондот за иновации и технолошки развој и Македонска банка за поддршка на развојот

28.03.2017 (Семинар)
ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВНА ПРИРОДА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ И ВИДОВИТЕ ДОКАЗИ

29.03.2017 (Семинар)
Бесплатни обуки во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси

29.03.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА И ЦАРИНСКА ПОЛИТИКА

30.03.2017 (Семинар)
Дводневен семинар на тема:РИЗИЦИ ВО ИТ-РАБОТЕЊЕТО

31.03.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ „READY2GO" ВО САД, КАНАДА, ЧИЛЕ, КАМЕРУН И ИНДИЈА

02.04.2017 (Конференција)
"ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР"- Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата,2-4.4.2017- ДУБАИ, УАЕ

05.04.2017 (Настан)
ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

06.04.2017 (Бизнис средби)
Бизнис-средби „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2017“ 6 април 2017 година, Софија, Република Бугарија

06.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар:ДИГИТАЛНА ТРАНФОРМАЦИЈА - СЕГАШНОСТ И ИДНИНА

10.04.2017 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема: УПРАВУВАЊЕ СО МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

11.04.2017 (Форум)
ФОРУМ СО РАБОТОДАВАЧИ и АВРМ - Битола

11.04.2017 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

12.04.2017 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Building Europe 2017“ - (градежен и енергетски сектор)

20.04.2017 (Саем)
22. Саем за екологија и 43. Саем за прехрана- 20 – 23 април 2017 Будва, Р. Црна Гора

20.04.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

24.04.2017 (Бизнис средби)
„Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

28.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Центар за квалитет

Центар за унапредување на квалитетот во производството и услугите

Како резултат на повеќегодишни успешни активности во областа на имплементација на системи за управување со квалитет согласно меѓународниот стандард ISO 9001, во рамките на Стопанската комора на Македонија во 2000 година е формиран Центар за унапредување на квалитет во производството и услугите.

Активностите отпочнаа како техничка помош од Владата на Велика Британија и Know How Fund, во соработка со Bywater plc. како консултантска куќа. Освен реализирање на Проектот насловен како „Воведување ISO 9001 во македонското стопанство" во одреден број на фирми, друга бенефиција беше и обуката на консултанти и водечки проверувачи од Стопанската комора на Македонија.

Знаењето и стекнатото искуство на горенаведените експерти согласно британската методологија, овозможија успешно имплементирање на ISO 9001 стандардот во производството и услугите во изминатиот период.

Стопанската комора на Македонија, сакајќи целосно да ги комплетира активностите и со сертификација на системите за управување со квалитет, оствари контакти со реномираната сертификациона куќа BSI (British Standards Institution), која со своите експерти ја вршеше сертификацијата.

Со британските експерти активно беа вклучувани и домашните главни проверувачи, што се оцени како голема придобивка во стекнување на компетентност во таа област преку реализирање на одреден број обуки (теоретски и практични).

Успешното инволвирање во тие активности ја оствари и тогашната визија на Комората за заокружување на процесот на воспоставување и регистрирање, односно сертифицирање на системите за управување со квалитет - QMS.

Имено, Стопанската комора на Македонија склучи Договор за соработка со BSI, со кој се овластија наши експерти, како екстерен ресурс на водечки проверувачи за сертификации и континуирани проверки во Македонија и пошироко.

Сите водечки проверувачи се IRCA (International Register of Cetrtified Auditors) регистрирани и вклучени во лондонскиот регистер.

Центарот за квалитет не останa само на давање на горенаведените услуги.

Следејќи ги актуелните трендови насочени кон заштитата на животната средина, стандардот ISO 14001 или системот за управување со животната средина, е се позначаен и го претставува влијанието на организацијата или компанијата на и кон животната средина. Со помош на Центарот за квалитет, имплементацијата на ISO 14001 утврдува кој од работните процеси во компанијата ја загадува животната средина, ги одредува реалните цели и воведува неопходни мерки за остварување на истите.

Центарот за квалитет дава и консултации за воведување на HACCP-системи (системи за идентификација, евалуација и контрола на опасностите од значење за безбедноста на храната) применливи за прехранбената индустрија, а како сублимат на барањата од ISO 9001 и HACCP, помага во имплементација и на стандардот ISO 22000, кој укажува на еден генерален пристап во системот за управување со безбедна храна.

Бидејќи на потрошувачите се повеќе им се важни квалитетот и безбедноста на прехранбените производи, прехранбената индустрија постави високи барања во однос на тоа. Денес во светот постојат бројни стандарди и норми со чие имплементирање и одобрување од страна на надлежните органи, се докажува квалитетот и безбедноста на производите. Едно од се поприсутните барања во прехранбената индустрија е и HALAL-стандардот кој зазема се поголем удел на меѓународно ниво. Центарот за квалитет има ресурс, овластен од страна на Агенцијата за сертифицирање на HALAL од Тузла, за имплементација и на овој стандард.

Динамиката на работењето бара проактивен пристап кон заштитата на здравјето и безбедноста на вработените за време на работата, кој ќе ги идентификува евентуалните ризици, ќе ги отклони истите или со превентивното делување ќе ја  намали веројатноста за нивната појава на прифатливо ниво. Бизнис глобализацијата  носи потреба од креирање  рамка  за формирање  на  систем за заштита, кој со верификација од страна на  овластени сертификациони тела, ќе биде меѓународно прифатлив, односно ќе  прати порака  на вработените, клиентите и бизнис партнерите од други поднебја, дека во компанијата се управува со ризиците по здравје и безбедност на вработените на ефикасен и меѓународно верификуван начин.

Токму со прашањата  за ова ефективно и ефикасно управување со ризиците по здравје и безбедност на вработените, се бави стандардот  OHSAS 18001, кој истотака е дел од услугите што ги дава Центарот за квалитет.

Имплементирање на менаџмент системи:
             - ISO 9001
             - ISO 14001
             - ISO 22000
             - OHSAS 18001
             - HACCP
             - HALAL



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Емилија Тодоровска
Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: emilija@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права