23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

13.11.2017


Актуелно  

ПЕРСПЕКТИВИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АВСТРИЈА


Стопанската комора на Македонија континуирано развива активности во насока на  отворање нови можности за соработка на македонските компании со цел унапредување на можностите за извоз на македонски производи на европските и на светските пазари.

 

-Мала економија, како што е македонската, ќе има одржлив раст и развој доколку нејзината потрошувачка и инвестициите навистина се развиваат заедно со растот на трговскиот сектор, а со тоа и на извозот, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата (13.11.2017 година).

Една од клучните европски економии за соработка со македонските компании е Австрија. Република Македонија и Република Австрија на билатерално ниво имаат извонредни односи, иако на економски план се` уште претстои можност за унапредување на соработката.

Како предизвик за натамошни активности за поттикнување на соработката говорат и податоците за трговската размена, што не се охрабрувачки во моментот, но има простор за унапредување.

Во првите 9 месеци од 2017 година евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 54,3 милиони САД $, Австрија е 18-ти трговски партнер на Македонија, додека  во  2016 година била 16-ти трговски партнер.

Вкупната трговска размена во првите девет месеци од 2017 година изнесува 139,5 милиони САД $, што претставува зголемување од 5% споредено со истиот период од 2016 година. Извозот изнесува 42,6 милиони САД $, што претставува зголемување од 30%, додека увозното салдо изнесува 96,9 милиони САД $ и бележи намалување од 9% во споредба со истиот период од 2016 година.

Вкупната трговска размена во периодот јануари - декември за 2016 година изнесува 174 милиони САД $, што претставува пад од 0,9% споредено со истиот период минатата година. Извозот изнесува 43 милиони САД $, што претставува зголемување од 6,2%, додека увозното салдо изнесува 131,3 милиони САД $ и бележи намалување од 3,1% во споредба со истиот период од 2015 година.

За 2016 година евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 88,2 милиони САД $.
 
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби.

Оваа посета, како и претходните посети на австриските бизнисмени во Република Македонија, е одговор на интересот за соработка што бизнисмените од двете страни го иницираат, а коморите ги поддржуваат. Соработката меѓу двете стопански комори резултира со успешно реализирани повеќе бизнис форуми на македонски и австриски компании, во области кои се од интерес за двете страни. Целта е овие средби меѓу претставниците на двете бизнис асоцијации да дадат конкретни резултати, и да се поттикне меѓусебната соработка.

Билатералните средби ќе се одржат на 15 ноември 2017 година (среда), со почеток во 12:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, а се во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија. Како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис средби од различни области и тоа: енергетски решенија и услуги во областа на  складирањето енергија; проектирање и изведба на индустриски хали и челични конструкции; добавувачи на системи за преработка и пренесување на минерални суровини, како и за производство на бетонски постројки и транспортери за бетон;  производство на првокласни сирења;  системи за заштита од громови, системи за заштита од пренапојување, како и системи за заземјување. 

Значајно за македонските компании е тоа што во рамките на соработката со австриските компании можат да го унапредат своето производство со нови технологии, знаење (know how) и отворање можности за заеднички настап на нови трети пазари.

Јадранка Аризанковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права