23.06.2017 (Семинар)
ГОДИШЕН ОДМОР, ТРАЕЊЕ, СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО, ПРАВО НА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ, КОРИСТЕЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА НЕИСКОРИСТЕНИОТ ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР

27.06.2017 (Настан)
ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

28.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

28.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

29.06.2017 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА

29.06.2017 (Семинар)
БЕЗБЕДНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

29.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг обука на тема:КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

05.07.2017 (Семинар)
НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

14.07.2017 (Семинар)
АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС НА РАБОТНОТО МЕСТО (СТРЕС МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ)

17.07.2017 (Форум)
КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 - 17-19.07.2017 ПРАГА, Р.ЧЕШКА

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

28.06.2017 - 28.06.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ


Еднодневен семинар:

АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА
И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

28 јуни 2017 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


            Резултатите на досегашните светски и домашни студии укажуваат дека проблемот со психосоцијалните штетности кај работниците е присутен во различни земји, упатувајќи на глобалните димензии на ова прашање и на неговите автохтони, национални карактеристики. Појавата на синдромот на согорување е евидентна и во Република Македонија.    
         
            Следејќи ги актуелните проблеми од областа на безбедност и здравје при работа,  Стопанската комора на Македонија  во соработка со Македонското здружение за заштита при работа на 28 јуни 2017 година организира еднодневен семинар на тема: „Анализа на стерсогените фактори поврзани со работата и синдримот на согорување и планирање и имплементација на организациски интервенции“, со цел информирање на сите чинители од областа на безбедноста и здравјето при работа за основните принципи на примарната превенција како оптимален пристап во заштита и унапредувањето на здравјето на работниците.
 
            Целта на овој семинар е дефинирање на психолошките аспекти кои влијаат на работното место, навремено идентификување на мобинг и стрес на работното место и преземање активности за намалување на штетните здравствени ефекти кои се ефектуираат кај вработените и кои влијаат на намалување на нивната продуктивност. Досегашните податоци за факторите коишто влијаат на појавата на синдромот на согорување кај испитуваните работници, како и податоците за можните несакани ефекти од синдромот на согорување врз здравјето на работниците претставува солидна основа во креирањето на стратегија за превенција на синдромот на согорување и унапредување на здравјето и безбедноста на работното место.                                               


ПРОГРАМА

- Психолошки аспекти на работата;
- Мобинг на работното место;
- Стрес поврзан со работата и синдром на согорување;
- Методологија за анализа на стресогените фактори поврзани со работата и синдромот на согорување;
- Планирање и имплементација на организациски интервенции преку примена на акциско истражување – теоретска рамка;
- Планирање и имплементација на организациски интервенции преку примена на акциско истражување – работа во групи;
- Работа во групи според доделени улоги.

Предавачи:

проф. д-р Јованка Караџинска – Бислимовска, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО;
проф. д-р Јордан Минов, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО;
науч. сор. д-р  Драган Мијакоски, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО;
науч. сор. д-р Сашо Столески, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО.


Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

 
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 23 јуни 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права