13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Основни информации

Македонска Транспортна Асоцијација - МТА


Со цел ефикасно остварување на целите и потребите на давателите и корисниците на транспортните услуги, во Стопанската комора на Македонија на 01.03.2012 година се формираше Македонската Транспортна Асоцијација (МТА). Оваа Асоцијација, како единствена од ваков вид организациона форма на делување во Р. Македонија, покрај давателите на транспортните услуги од железничкиот, авионскиот, патниот и поштенскиот сообраќај, ќе ги обединува и корисниците на транспортните услуги, кои ќе дадат свој придонес во насока на развој на транспортот согласно потребите на извозно ориентираните компании.

Формирањето на оваа Асоцијација е пред се` здружување на фирмите кои оперираат во оваа област, со цел да се надминат проблемите при работењето како и давање мислења, сугестии и решенија за одредени законски прописи, како и унапредување и развој на дејноста.

Дел од активностите на Асоцијацијата ќе бидат насочени кон потребата од либерализација на услугите во железничкиот сектор, потребата од унапредување на квалитетот на железничката услуга, носење на соодветна регулатива за комбинираниот сообраќај, развој на мултимодалните јазли за меѓусебна поврзаност и претовар на транспортираната стока како услов за функционална и ефикасна транспортна логистика, како и прашањата за транспортната инфраструктура. Во таа насока, Асоцијацијата ќе ги разгледува и можностите за носење на стратегија која ќе услови развој на мултимодалниот концепт и транспортен систем во Република Македонија.

За претседател на Асоцијацијата е избран Иван Петровски од Фершпед АД Скопје, а согласно насоките по кои ќе работи Асоцијацијата беа избрани и двајца подпретседатели, Јане Адамчески од Макстил, компанијата која е една од најголемите корисници на транспортни услуги и Кире Диманоски од Македонски Железници Транспорт АД Скопје, моментално единствен давател на железнички услуги во земјата.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Биљана Пеева Ѓуриќ
Тел: (02) 3244034 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: biljana@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права