24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

04.10.2018 (Форум)
ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ -04.10.2018

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

14.09.2018


Актуелно  

ОДРЖАНА ПРОМОЦИЈА НА ИЗДАНИЕТО „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“


Во присуство на претставници на Владата на Република Македонија, Архиепископот Охридски и Македонски и Митрополит Скопски, г.г. Стефан, голем број стопанственици, истакнати филантропи и пошироката јавност, на 14.9.2018 година, во Стопанската комора на Македонија беше одржана промоција на изданието „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“ од авторот Венко Андоновски, посветена на македонската филантропија олицетворена преку ликот и делото на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој воедно е и генерален директор на градежната компанија „АДОРА Инженеринг“ – реномирана членка на Стопанската комора на Македонија.

-Изминатите години македонските бизнисмени ги помагаа сите сегменти на општествениот живот, меѓутоа за прв пат филантропијата на македонски стопанственик е презентирана пред пошироката јавност и чест ни е што тоа се случува во храмот на бизнисот - Стопанската комора на Македонија, како најстара и најбројна бизнис асоцијација во земјата, - истакна во своето воведно обраќање претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Дискутирајќи со претседателот Азески за најзначајните моменти од својата кариера, д-р Чифлиганец посочи дека себе си најмногу се гледа во бизнисот и неговите амбиции се и понатаму да се афирмира во деловното опкружување, работејќи на подигнување на стандардите и квалитетот во градежништвото во Македонија, но и во финансискиот сектор во земјата.

На настанот свое обраќање како промотори на изданието имаа и академик Владо Камбовски и дописниот член на МАНУ и ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Блажо Боев, кои што посочија дека ваквите дела се од важност за афирмирање на филантропијата во македонски рамки, а филантропските активности на македонските бизнисмени се основа за градење општество во духот на европските вредности и современото живеење. 

Авторот на монографијата, проф. д-р Венко Андоновски, истакна дека изданието е само мал сублимат на филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец кој во изминатите години на пошироката општествена заедница и на граѓаните на Република Македонија подарил околу 3,5 милиони евра за најразлични цели (наука, образование, спорт, медицина, приватни донации).

На крајот на настанот, претседателот на Стопанската комора на Македонија му додели на проф. д-р Чифлиганец пригодна Благодарница за активниот придонес во работењето на Комората. Заеднички беше констатирано дека треба да се размислува преку Стопанската комора на Македонија во иднина на годишно ниво да се организира ден кој што ќе биде посветен на филантропијата на македонските стопанственици.

м-р Нена Николовска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права