04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Историја

Историја

 КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Коморите, како репрезент и застапник на интересите на стопанството, се карактеристика на сите опшествено-економски и политички системи. Како и многу други институции и асоцијации, разликите и нијансите на коморското организирање се резултат на продукционите односи на определено општествено уредување. Но, секогаш биле и се значаен економски  фактор и според многу аналитичари, според редоследот на вредноста се вбројуваат веднаш по најрепрезентативните политички институции-парламентот и владата. Затоа, уште речиси пред еден век еден од премиерите на Велика Британија ја искажа мислата: "Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирање на законите отколку како опонент во сферата на нивната имплементација". (повеќе)

94 ГОДИНИ ОД КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – Јубилејот одбележан со доделување награди и признанија на Стопанската комора на Македонија за 2015 година и претставување на дуалниот систем во средното стручно образование, како главен приоритет на Комората во 2016 година.

На свечената седница на Собранието на Стопанската комора на Македонија, по повод 94-годишнината од коморското организирање во Република Македонија, пред присутните се обрати претседателот на Комората Бранко Азески, кој го истакна задовлство што и после толку години искуство сме бренд и лидер во коморскиот систем не само во земјава туку и во регионот.

При тоа, Азески посочи дека за најоптимално извршување на коморската функција, мора да постои консензус помеѓу јавниот и приватниот сектор без кој нема економски напредок. Ни треба акција, да бараме нови пазари и од „петни жили“ да ја развиваме индустријата, - подвлече претседателот Азески.

Во рамките на свечената седницата, Стопанската комора на Македонија додели награди и други признанија за 2015 година. 


Стопанската комора на Македонија, во 2015 година - Годината на конкурентноста, ја прослави 93-годишнината од своето основање, со свеченo одбележување на овој значаен јубилеј за коморското организирање во Република Македонија. По повод оваа значајна годишнина, беше организирана регионална конференција:  „ПРОГРЕСИВНО И ЕФИКАСНО ОТВОРАЊЕ НА ПАЗАРОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ НА ЗЕМЈИТЕ-ПОТПИСНИЧКИ НА ЦЕФТА-ДОГОВОРОТ“.

Во одбележувањето на јубилејот земаа учество видни гости, претставници на државни органи, институции, дипломатскиот кор во Република Македонија, претставници на меѓународни институции, здруженија и партнери, гости, пријатели и поддржувачи на Стопанската комора на Македонија.

Стопанската комора на Македонија е водечка бизнис-асоцијација во Република Македонија, членка на бројни меѓународни организации и институции, соосновач на мешовити комори, деловни совети, што придонесува за што поуспешно претставување и застапување на интересите на своите членки во земјата и во странство. Воспоставувањето меѓународни контакти, учество на бројни меѓународни бизнис-форуми, саемски, едукативни, промотивни и друг вид манифестации, е во функција на поддршка на унапредувањето на деловните активности на членките на Комората.

Стопанската комора на Македонија секогаш им помага на стопанствениците и на бизнисот во земјата. Таа е горда затоа што е најстара и највлијателна деловна асоцијација во Македонија. И во услови на воспоставениот плурализам на коморското организирање на овие простори, таа го задржа приматот на Комора – лидер со 93-годишно искуство.


Стопанската комора на Македонија, на 18 февруари 2014 година, 92-та годишнина од своето основање ја одбележа со Конференција на тема: „АРБИТРАЖАTA ВО ЦЕФТА РЕГИОНОТ  ВО НАСОКА НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ“, која беше фокусирана  на идентификување на состојбата во арбитражното решавање на споровите во земјите од ЦЕФТА-регионот, како и проблемите со кои се соочува секоја од арбитражните институции во овие земји во решавањето на спорови со меѓународен елемент. Притоа се направи обид за развивање на методи за унапредување на арбитражното решавање на спорови со цел да се заштитат интересите на странките во споровите со меѓународен елемент, со што се придонесе за натамошно унапредување на арбитражниот механизам на решавање на спорови.


Стопанската комора на Македонија ја одбележa 91-та годишнина од своето постоење со пригодна свеченост во Стопанската комора на Македонија (18.2.2013 година). Годинава тоа беше направено со еден скромен собир на компаниите кои во услови на криза од 2008 година до денес се одважија да пркосат на истата и со нови инвестиции во производни капацитети и нови вработувања да докажат дека македонската економија има иднина. (повеќе)

  Комората, беше нагласено, во рамките на своите законски овластувања ќе придонесува и ќе ги поддржува сите оние кои ќе се определат своите активности да ги насочат кон нејзините клучни определби:
1. домашните и странските инвестиции да бидат двигател на растот;
2. да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој;
3. приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и да ја апсорбира високата невработеност.

Стопанска комора на Македонија во оваа прилика им додели признанија на менаџери кои инвестирале во нови производни погони во Република Македонија периодот од 2008 година до денес.


Со грандиозна свеченост во скопскиот хотел „Александар Палас“, со присуство на над 1.200 видни гости, Стопанската комора на Македонија го прослави големиот јубилеј - девет децении од нејзиното постоење (17.02.2012 година). (ПРОСЛАВА НА 90-ГОДИШНИНАТА, низ слики и текст)


Значењето на коморското организирање во една држава е од огромно значење за целокупното стопанство. Стопанската комора на Македонија, своето 85-годишно работење го прослави на пригоден начин (ПРОСЛАВА НА 85-ГОДИШНИНАТА НА КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ, низ слики и текст).  

          По повод 75-годишнината од коморското организирање во Македонија, Стопанската комора на Македонија ја издаде монографијата 75 ГОДИНИ КОМОРСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА.

 

 

People Friends Web Applications Community Network Social Media Facebook Twitter Youtube Networking Chamber Macedonia Business

google gmail adsense google maps google translate maps grid.mk puls24.mk time.mk press24.mk sitel.mk kurir.mk zase.mk sitel vesti time.mk tuime mk тиме мк вконтакте taobao.com blogspot.com google.co.in ebay msn live national free business email



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Станка Дамјановска
Тел: ++ 389 2 3244016 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: stanka@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права