23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

10.11.2017


Актуелно  

СТАВ на претседателот Бранко Азески - ХОЛДИНГОТ КАКО ФОРМА НА ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОДОБРИ ДЕЛОВНИ РЕЗУЛТАТИ


(Пренесено интервју на Бранко Азески, во дневниот весник „Нова Македонија“)

Дали холдингот е потреба или помодарство?

Порастот и унапредувањето на работењето на деловните субјекти го поставува како нужност поврзувањето на трговските друштва и уредувањето посебен режим на функционирање, кој ќе биде приспособен на специфичностите на нивното работење. Уредувањето на прашањата што се однесуваат на работењето на холдинг-компаниите, а особено даночниот третман за овие субјекти, може значително да придонесе за унапредување на функционирањето на економскиот систем.

Холдингот како форма на поврзување на компаниите за постигнување подобри деловни резултати, е организациски облик што постои и успешно функционира во голем број земји во рамките на Европската Унија и пошироко.

Во европските законодавства, во кои е нормирано работењето на холдингот, уредени се повеќе даночни повластувања. Речиси во сите наведени законодавства предвидено е 100 отсто ослободување од данок на дивиденди и капитал на добивка, многу често и без притоа да се бара минимален временски период на сопственост на акциите или услови за минимален удел поради оданочување.

Токму затоа, холдингот не е ниту форма зад која се кријат некои матни зделки, ниту пак помодарство, туку напротив, потреба на современите бизнисмени што имаат потреба и желба да ги направат уште поуспешни и потранспарентни своите бизниси што се поврзани меѓу себе преку капиталот или преку претприемачки договори, за да овозможат повеќе вработувања во своите поврзани субјекти, повеќе инвестиции, развој, иновации и проширување на дејностите, а за сметка на тоа да добијат и определени даночни олеснувања што ќе го поттикнат нивното натамошно успешно дејствување.

Што бара бизнисот?

Стопанската комора на Македонија предлага функционирањето на холдинг-компаниите, терминолошки да се усогласи во законската регулатива што го уредува поврзувањето на трговските друштва во Законот за трговски друштва, каде што и сега се уредени подробности за функционирањето на холдинг-компаниите (односно поврзаните друштва во согласност со постојниот закон), поврзани со контрола и надзор над нивното работење, известување, управување, поднесување финансиски извештаи и водењето деловни книги.

Но многу посуштинско, барањето на Комората е преточено во иницијативата до Владата на РМ, со која се предлага во законите со кои се уредува оданочувањето да се уреди посебен даночен режим за холдинг-друштвата, што за своја почетна основа ќе ги има следните критериуми:

• дивидендите што фирмата-ќерка ги исплаќа во холдинг-компанијата треба да бидат ослободени од оданочување;
• приходот што холдинг-компанијата го остварува при продажба на учество/удел во фирмата-ќерка да биде ослободен од оданочување;
• салдото на трансферираните парични средства што по својата економска суштина се заеми, во рамките на холдингот (на пример, од владејачкото друштво на фирмата-ќерка и обратно, сестринските фирми), да не влегуваат во даночната основа при сочинување на даночниот биланс за финансиската година;
• повторно да се уреди можноста трговските друштва што се поврзани во холдинг-компанијата да може да поднесуваат консолидиран даночен биланс;
• да се создаде законска основа да може распределбата на добивката од работењето од тековната година на фирмата-ќерка, која е основана со определен поголем процент на учество од холдинг-компанијата (владејачкото друштво), да се евидентира и објави во годишната сметка на холдинг-компанијата (владејачкото друштво) во истата година.

Во таа насока, е и барањето на Стопанската комора за редовно ажурирање на меѓународните стандарди за финансиско известување и мегународните стандарди за финансиско известување за мали и за средни субјекти, за да можат интегрално да се применуваат и да бидат усогласени со тековните стандарди, така како што се дополнети, изменети или усвоени од страна на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди. Во македонското законодавство, наведените стандарди не се дел од важечкото законодавство во целост, односно по 2009 година, истите тие не се преведени и како такви, не се објавени во службено гласило на Република Македонија, за да можат да бидат применливи во домашното законодавство. Тоа создава поголеми проблеми во практиката при работењето на деловните субјекти, и тоа како за домашните компании, така и за странските инвеститори, а сето тоа влијае на правната сигурност и воопшто врз интересот за инвестирање и развој на домашното стопанство.

Несомнено е дека наведените предлози за подобрување на даночниот третман на холдингот, ќе придонесат за унапредување на работењето на деловните субјекти во земјата, што ќе обезбеди понатамошен економски пораст.

Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија

 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права