Бизнис-настани

27.11.2018 - 28.11.2018


Бизнис средби Струмица,  Македонија

Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година


На 27 и 28 ноември 2018 година ЕЕН Стопанската комора на Македонија и ЕЕН Сандански, Бугарија организираат компаниска мисија на бугарски компании од областа на аграрот, во хотел Сириус, Струмица.  На настанот ќе се реализираат бизнис средби на македонски со бугарски компании и форум за теми од областа на аграрот. На форумот ќе бидат презентирани нови трендови во заштитата на агрото растенијата.

Сите заинтересирани учесници се поканети да се регистрираат преку електронска пошта до 26.11.2018 година. Учеството на настанот не е ограничено само на клиенти на организаторите.

На компаниската мисија од Агро секторот  ќе им се придружат компаниите од земјоделскиот сектор (конвенционално и органско производство на храна) - производители, трговски друштва и консултанти за заштита на растенијата.

Во рамките на настанот – на форумот ќе бидат презентирани нови трендови, иновации и новата легислатива за заштита на агрото растенија во ЕУ. Производителите, трговските друштва и консултантите за заштита на растенијата од двете земји - Бугарија и Македонија ќе реализираат B2B средби и ќе иницираат нови деловни односи.

Во Прилог: Агенда и Пријавен лист


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Лазе Ангелевски
Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: laze@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права