ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
18.06.2019 👁 Прочитано: 694

СЛОВАЧКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ГО НУДАТ СВОЕТО ИСКУСТВО И СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ

Бизнис форум и билатерални средби меѓу македонски и словачки компании, се одржаа во Стопанската комора на Македонија, организирани во соработка со Комората за индустрија и трговија на Словачка, Регионална комора со седиште во Трнава.

Соработката со Словачка е на ниско ниво. Земјата е 28-ми трговски партнер на Република Северна Македонија. Во таа насока, неопходно е продлабочување на бизнис поврзувањето, имајќи предвид дека расположивите потенцијали и можности се многу поголеми од досега реализираното, вклучувајќи ги секторите на индустријата на отпад, металургија, трговија, метална, хемиска, прехранбена индустрија, текстил, енергетика, систем на стандардизација, сектори од кои доаѓаат компаниите кои се во состав на словачката бизнис делегација денес, потенцираше д-р Татјана Штерјова, директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори во Стопанската комора на Македонија.

СЛОВАЧКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ГО НУДАТ СВОЕТО ИСКУСТВО И СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИСогласно структурата на досегашната соработка во извозот и увозот, размената најмногу се заснова на производи од металната и електро индустријата, текстилната индустрија и земјоделско-прехранбената индустрија. Трендот на раст во заемната соработка продолжува и оваа година. Во првите три месеци забележано е зголемување на трговската размена помеѓу двете земји од 11,4% споредено со првиот квартал од 2018 година.

Историски, двете земји имаат добри пријателски односи. Словачка е голем поддржувач за влез на Северна Македонија во ЕУ. Доказ за добрите билатерални односи е и отворањето Амбасада на Словачката Република во Р. Северна Македонија, -посочи Лукас Паризек, државен секретар на Министерството за надворешни и европски прашања на Република Словачка. - Со денешниот Бизнис форум стопанските комори од двете земји го отворија овој прв историски состанок помеѓу деловните субјекти од двете страни и морам да кажам дека ова е одлична почетна точка, бидејќи иако ние имаме одлични политички билатерални односи, сепак мора да ги интензивираме и трговските билатерални односи, односно да ја зголемиме трговијата, вели Патизек.

Петер Ковар од Комората за трговија и индустрија на Словачка, Регионална комора во Трнава, пред присутните ги презентираше потенцијалите за соработка согласно капацитетот на Регионалната комора која ја преставува. Словачките бизнисмени кои што се денеска тука сакаат да се претстават и со задоволство да започнат деловна соработка со македонските партнери на долг рок, вели Ковар.

СЛОВАЧКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ГО НУДАТ СВОЕТО ИСКУСТВО И СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИСловачка како земја е интегрирана во сите меѓународни организации во рамките на Европската унија ЕУ и е лидер во производството на автомобили по глава на жител. Изминатиот период и „Јагуар“ и „Ленд Ровер“ се приклучија кон веќе постојните производители на автомобили во Словачка, „Пежо“, „Цитроен“, „Фоксваген“ и „Киа моторс“. Овој сектор учествува со 44% во вкупниот извоз на Словачка. Во автомобилскиот сектор директно се вработени околу 100.000 луѓе, а индиректно 200.000 илјади. Речиси 80% од добавувачите во автомобилскиот сектор се наоѓаат во Трновскиот регион, а истиот е на второ место во создавањето на БДП или веднаш после Братиславскиот регион.

На средбата беше констатирано дека зајакнатата меѓусебна комуникација со поврзувањето на заедничките бизнис-интереси на македонските и словачките компании ќе придонесе во размената на квалитетни бизнис-информации и реализација на плодни заеднички проекти во иднина. Во тој контекст, потребни се  сé почести средби и дијалози и други заеднички манифестации кои би го забрзале веќе воспоставеното темпо на развој, како на економски, така и на секој друг домен од билатерален карактер.

Денешните бизнис средби претставуваат почетна основа за воспоставување нови партнерства помеѓу компаниите од нашите две земји.

Даниела Михајловска Василевска