21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Настан)
Симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

08.11.2017


Актуелно  

СООПШТЕНИЕ: ВТОРА РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО БИТОЛА


На 7 ноември 2017 година, во Битола,  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, поддржано од Проектот финансиран од Европската Унија - MAINLAND, кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО),  ја одржа Втората регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјоделско земјиште кај земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште.

На настанот се обратија госпоѓа  Ленче Николовска, посебен советник на претседателот на Владата за земјоделство, шумарство и водостопанство и госпоѓа Вилма Даугалиене, главен технички советник од ФАО (Проект MAINLAND).

 

Целта на работилницата беше да се зголеми локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделско земјиште за земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште. На настанот присуствуваа претставници на локални земјоделски организации, села и единици на локалната самоуправа, како и други важни локални партнери од Пелагонискиот регион, локалната самоуправа и бизнис секторот.

Учесниците се информираа за принципите и постапките за консолидација на земјоделското земјиште, во согласност со соодветниот закон и во насока на спроведување на Националната стратегија за консолидација на земјиште 2012-2020 година. Локалните земјоделци и сопственици на земјоделско земјиште се информираа и  за претстојната селекција на најпогодни области за консолидација на земјиште и како да изразат интерес за новите консолидациони проекти во наредните неколку недели.

Проектот финансиран од Европската Унија „Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“, или MAINLAND, го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020 година. Буџетот на Проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО (61,2 илјади евра).  Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 година до август 2020 година. Главна цел на Проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.

Во изминатите три недели, сектори и подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и советници од Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) беа обучени како да ги идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште  и како да работат заедно со земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште при изразување интерес за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште.

м-р Никола Димковски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права