28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

31.01.2018


Актуелно  

ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РАЗМЕНА НА ПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧЕЊЕ ЗА ОДРЖЛИВОСТ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА


На 31 јануари 2018 година,  во хотелот „Александар Палас“, во организација на Македонско-бугарската стопанска комора, се одржа Конференција на тема: „Иницијатива за размена на претприемничко учење за одржливост на угостителските мали и средни претпријатија“ (“The Entrepreneurial Learning Exchange Initiative for Sustainable Hospitality  SMEs in the Balkan-Mediterranean Region (HELIX)”. Оваа иницијатива е покрената од 6 организации од Балканско-медитеранскиот регион и е насочена кон развој на балканско-медитеранската област (Балкан-мед).

 

Главна цел на иницијативата е да се зголеми компетентноста за одржлив бизнис и иновации особено меѓу малите и средни претпријатија во угостителскиот  сектор на Балканот и Медитеранот, што би се постигнало преку развивање ефективни заедници за учење и пракса, алатки за учење и заеднички образовни понуди со цел зајакнување на секторските вештини за одржливост и усвојување технолошки и менаџерски иновации.

Во своето обраќање, министерката без ресор во Владата на РМ, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, посочи дека воспоставувањето и обезбедувањето целосната инфраструктура е важен сегмент за развој на туризмот во регионот. - Приоритет на Владата е завршување на инфраструктурите проекти поврзани со коридорите 10 и 8, што секако ќе има свое влијание и на туристичко-угостителскиот сектор. Важно е да се подобри и образовната рамка преку воведување на дуалното образование кое преку зголемената практика може да има добар ефект врз подобрување на капацитетот на човечките ресурси во угостителството и зголемување на вработеноста,  - додаде Апостолска.

Таа исто така додаде дека за намалување на невработеноста во Македонија големо влијание ќе имаат и домашните и странските компании коишто во последниот период интензивно се интересираат за влегување на македонскиот пазар, и дека во скоро време ќе следи етаблирање на нови инвеститори со потпишување договори. Воедно, таа истакна дека инвестициската политика што сега ја промовира Владата е транспарентна и ги елиминира преговорите во четири очи и секој инвеститор однапред знае што може да очекува како поддршка од државата доколку исполни определени услови.

 

Во своето излагање, Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, истакна дека политичката криза во Македонија траеше подолг период, што беше и еден од клучните фактори што имаше директно влијание и на економијата. Тој додаде дека, и покрај проблемите со коишто се` уште се соочуваме, македонската економија е исклучително жилава и одржливоста е на задоволително ниво. Тој се надева дека во иднина дуалното и неформалното образование ќе придонесат за зголемување на бројот на стручни и компетентни кадри на пазарот на труд во сите индустриски гранки во Македонија.

На тема: „Одржливост на угостителскиот сектор во Македонија“, Соња Бибановска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, истакна дека бизнис заедницата веќе подолг период наназад констатира серија слабости и проблеми во функционирањето на угостителската дејност.

-Констатирано е дека угостителската индустрија се соочува со недостиг од кадар, постојниот образовен систем не ги дава очекуваните резултати. Како една од причините може да се идентификува недоволната флексибилност на формалниот образовен систем и неможноста во кратко време да одговори на пазарните потреби. Во состојба во која пазарните промени се чести и постојани, свој придонес во обезбедувањето кадар за туристичко-угостителскиот сектор треба да даде неформалното образование кое и покрај напорите се` уште не е комплетно функционално и недоволно е искористено од приватниот сектор, - додаде Бибановска.

Во угостителско-туристичката дејност постои дефицит на стручни, обучени кадри од во секој сектор, не само во Република Македонија, туку и во целиот регион. Бибановска истакна дека современите и нови стандарди на занимања, потребно е во што покус можен рок да се стават во функција, што од друга страна ќе претставува континуиран процес на интегрирање на земјите од Балканот и Медитеранот со најновите европски програми. Во следниот период активностите треба да бидат насочени кон едукација и практична обука на постојниот и потенцијалниот кадар кој треба да ги креира и испорачува услугите во рамки на угостителскиот сектор. 

На тема: „Образовната понуда во туризмот, во делот на неформалното образование“, Горан Дамчевски, потпретседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, истакна дека неформалното образование со коешто се занимава во последните 10 години, им овозможува на вработените во угостителскиот сектор полесно да се надградат и да бидат компетентни на пазарот на труд.

- Придобивките од неформалното образование се добредојдени за сите: државата ќе го намали бројот на невработени лица, со времено и постојано вработени стручни кадри во дадената област; на вработените и идните вработени за кратко време им се нуди можност да станат компетентни во својата област и на пазарот на трудот, а работодавачите ќе можат да ги искористат нивните потенцијали и да ја зголемат својата конкурентност, -  истакна Дамчевски.

м-р Сања Николова

 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права