27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

16.03.2018 (Семинар)
ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА, ОДНЕСУВАЊЕTO НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ ПРИ НАБАВКА И РЕИНЖЕНЕРИНГ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА НАБАВКИ И ЗАШТЕДИ

21.03.2018 (Семинар)
ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

26.03.2018 (Семинар)
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.03.2018 (Тренинг обука)
ВЕШТИНИ ВО ФИНАНСИСКОTO РАБОТЕЊЕ

28.03.2018 (Семинар)
Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација

30.03.2018 (Семинар)
РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

13.04.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби во Бања Лука - ЕЕН мрежа

Основни информации

Здружение на текстилната индустрија и конфекцијата


31.01.2013 Состанок на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата со претставници на Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Македонија - ИТНИ МЕРКИ ЗА СПАС НА ДЕЈНОСТА

На барање на текстилни компании-членки на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија, на 31.01.2013 година, се одржа состанок со претставници на Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Македонија, на кој се расправаше за состојбата и за тековните движења на текстилната индустрија, како за и проблемите со кои се соочува оваа стопанска гранка...повеќе

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Текстилната индустрија претставува една од водечките преработувачки идустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работка сила и извозот. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемачките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој.

Во Стопанската комора на Македонија, во рамките на Здруженијата делува и Здружението на текстилната индустрија и конфекција. Во рамките на текстилната индустија постојат две гранки и тоа;

Примарната производствена текстилна индустрија ги опфаќа:

 
  • подготовка и предење на текстилни влакна
  • ткаење на текстил
  • довршување на текстилни ткаенини
  • производство на готови текстилни предмети, освен облека
  • прозводство на други текстилни предмети

Конфекциска индустрија ги опфаќа:

 
  • производство на облека и разни видови на облека
  • доработка и боење на крзно и производи од крзно

Своите цели и задачи Здружението ги остварува преку следните активности:

 
  • пратење и анализа на состојбата на текстилната и конфекциската индустрија;
  • помага во остварувањето на дијалогот помеѓу членките на Здружението и соодветните министерства;
  • стручни совети и помош во барањето на стратешки партнери на домашните претпријатија;
  • промовирање и координативен настап на домашните претпријатија на саеми во земјата и странство.

Структурниот развој на текстилната индустрија, односно на производството на текстил, облека и репроматеријали како и недостатокот на стратешко планирање во минатото, неповолно се одрази врз перформансите на оваа индустрија и нивото на нејзина развиеност.

Текстилната индустрија е соочена со остра и јака конкуренција како на домашниот така и на странскиот пазар, со што фирмите кои значајно инвестирале и ја модернизирале технологијата на производство имаат голема перспектива и нивниот опстанок не е доведен во прашање.

За развојните можности на текстилната индустрија големо значење има и добрата макроекономска политика во врска со стабилноста и условите на стопанисување. Се поголемата либерализација во условите на стопанисување, и се послободното дејствување на пазарните законитости придонесуваат за отвореност на економијата, за поголема достапност на странските пазари и за подобрување на конкурентноста на текстилната индустрија. Тука треба да се спомене дека и националното законодавство воврска со текстилната индустрија во значителна мера е усогласено и хармонизирано со законодавството на ЕУ.

На седница на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата одржана на 05.02.2015 година за претседател на Здружението во следниот петгодишен период е избран Ангел Димитров, директор на „Мода АД„ – Свети Николе .
За претставници од Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата, во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатен период 2015-2020 година се избраa:

       1. Јованчо Рајчановски,  Хатекс ДОО - Ресен
       2. Ирена Јакимовска,  Комфи Ангел ДОО - Прилеп
       3. Борислав Трповски, Тетекс АД - Тетово
       4. Габриела Павлоска, Окитекс ДОО - Скопје

Правила за организацијата и начинот на работење на Здружението

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Сaшо Деспотоски
Тел: (02) 3244089 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: sаso@mchamber.mk
                                                          
 









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права