28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

27.03.2018 - 27.03.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ


Еднодневен семинар на тема:

ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

-  Пресметка на дневници и издатоци за службено патување во странство низ призма на Законска регулатива и веродостојна документација -

27 март 2018 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Цел на обуката

        Целта на обуката е стекнување со теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско, девизно, благајничко работење и евиденција - уплата на дневниот промет (малопродажба).  Со синергија на законската регулатива која го уредува благајничкото работење, даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадената проблематика во изминатите 20 години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а  ризикот ќе го сведат на минимум на изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции.
        На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата на дневници за службени патување како во земјата така и во странство и управување со која законски пропишана документација се врши исплата / уплата на готовински пари сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум.
        Исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите (процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива.
Што представува законски пропишана (веродостојна) документација и докажување на трошоците (материјални) дека се во функција за вршење на дејноста.
Интерен акт „Правилник за благајничко работење“.

Клучни карактеристики на обуката:

- Пресметка на дневници за службен пат во земјата;
- Пресметка на дневници за службен пат во странство;
- Исплата на издатоци за службено патување и импликации на истите   врз пресметката на дневницата;
- Пропишани лимити за исплата на дневници, што во случај на исплати над истите;
- Користење сопствено возило за службени цели и алтернативни   решенија;
- Законски исправно поплнување на патен налог и прилог на сметки за   издатоци (трошоци) при службеното патување;
- Благајна за материјални трошоци, Благајнички извештај, КП, КИ,   Сметко - потврди со прилог фискални сметки, правилно пополнети   како доказ дека истите се во функција на вршење надејноста низ   призма на даночна регулатива;
- Девизна благајна;
- Благајна за дневен промет;
- Правилник.

Целна група:

Вработени во финансиски сектор, сметководство, благајници.

Содржина на обуката:

- Благајничко работење
  • Движење на готови пари, основ за подигнување од трансакциска сметка, плаќање на материјални и патни трошоци;
  • Сигнификантноста на Одлуката за благајнички максимум и утврдување на лимит, салдо во благајна заклучно со 31.12.хх;
  • Задолжителна евиденција на настаните во денарска благајна за материјални и патни трошоци:
    - прием на готовински пари во благајна - каса прими;
    - исплата на готовински  пари од благајна - каса исплати;
    - Законски пропишана документација врз основа на која се врши исплата на материјални и патни трошоци;
  • Малопродажба:
    - водење на книга за евиденција за промет на мало;
    - дневен пазар согласно дневниот извештај од фискална каса;
    - резервен фискален апарат;
    - докуметација врз основа на која се прави прием на готовински пари од дневен промет;
    - уплата на дневен пазар односно во кој законски рок готовинскиот дневен промет се уплатува на  трансакциска сметка во деловните банки;
   • Девизна благајна:
    - откуп и подигање на девизни средства за патни трошоци;
    - трошоци во девизи и методологија за евидентирање во денари;
    - прием и исплата на готови девизи;
    - салдо во девизна благајна заклучно со 31.12.хх.

- Задолжителна деловна книга – Благајнички извештај
   • Благајнички извештај за материјални и патни трошоци;
   • Практични примери ( законски пропишана документација) согласно Законската и даночната регулатива за докажување на материјалните трошоци дека се во функција на вршење на дејноста;
   • Благајнички извештај за дневен промет - малопродажба;
   • Девизен благајнички извештај – двојна евиденција во девизи и во денарска противвредност.

- Надоместок на дневници согласно Закон за работни односи, Колективни договори и Уредбата за службено патување и селидби во странство
  • Уредба за службено патување и селидби во странство;
  • Решение и налог за службено патување;
  • Патен налог за службено патување во меѓународен транспорт;
  • Издатоци за сместување, исхрана, превоз и друго за  службени патувања во странство согласно законска регулатива;
  • Влијанието на издатоците за сместување и исхрана на дневниците за службени патувања;
  • Трошоци за службени патувања во меѓународен транспорт;
  • Утврдување на бројот и висината на дневниците;
  • Пресметка на трошоците искажани во странска валута;      
  • Дневници за службени патувањаво земјата;
    - Утврдување на висината на дневниците за службени патувања во земјата;
    - Пресметка на дневници (практични примери);
    - Приложување на задолжителна документација како доказ дека службеното; патување е во функција на дејноста;
    - Патен налог, извештај;
    - Законска регулатива.
  • Право на дневници за службени патувања во странство;
    - Утврдување на висината на дневниците за службени патувања во странство;
    - Пресметка на дневници (практични примери)
    - Приложување на задолжителна документација како доказ дека службеното патување е во функција на дејноста
    - Патен налог, извештај
    - Законска регулатива.

- Благајна за патни трошоци низ призма на даночна регулатива на РМ;
- Практични примери за пресметка на дневници и трошоци за службени патувања во земјата и во странство;
- Правилник за благајничко работење Интерен акт.

Предавачи:

- м-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје, со 18-годишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент, деловното планирање и хармонизација на финансиското известување во Р.М.

- м-р Билјана Патлиџанковска, раководител на Секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје, со 16-годишно работно искуство во областа на административното и благајничкото работење.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 20 март 2018 година.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- Прирачник за благајничко работење;
- Прилог 1-Правилник за благајничко работење;
- Прилог2-Одлука согласно дадената тематика;
- Прилог 3-Уредба за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци:
- Дополнителен работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права