23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

10.11.2017


Актуелно  

ПРЕКУ ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СТОПАНСКИ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ТИВАТ ДО ПОГОЛЕМА МЕЃУСЕБЕНА СОРАБОТКА НА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА


Амбасадата на Црна Гора во Р. Македонија, во соработка со Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, организираа Бизнис форум за поттикнување на соработката во туризмот преку претставување на вкупните стопански потенцијали на Тиват.

 

Целта на одржувањето на Бизнис форумот е согласно Договорот за соработка во областа на туризмот меѓу Р. Македонија и Црна Гора, кој е во примена веќе осум години, да се поттикне пред се` соработката во туризмот, но и во прехранбениот сектор кој директно и индиректно е поврзан со развојот на туризмот и угостителството како дејност. Ваквата активност треба да овозможи поголемо движење на луѓе, стоки и услуги во двата правца, што како крајна цел ќе придонесе за зголемен обем на економската соработка меѓу Црна Гора и Република Македонија, зголемување на бројот на туристи во двете насоки и развој на нови видови туристички производи.

Сепак за сето ова да се реализира мора да бидат надминати одредени проблеми кои го оневозможуваат и обременуваат процесот, а тоа се овозможување погодна инфраструктура и надминување на поголем број прекугранични бариери кои го кочат самиот процес, посочи на почетокот Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора во РМ со седиште во Штип и Претседател на Стопанската комора на Македонија.

Констатираше дека обемот на вкупната трговска размена меѓу Република Македонија и Црна Гора која во првите осум месеци од тековната 2017 година изнесува 23,7 милиони американски долари и многу мала и дека постои основ за нејзино зголемување со акецнт на продлабочлување на соработката во секторите туризам и прехрана.

И на денешниот бизнис форум на кој доминантно присуствуваа претставници од туристичкиот сектор, Претседателот на комората и почесен конзул на Црна Гора во РМ со седиште во Штип, изразуваме задоволство од фактот што двете Влади во Македонија и во Црна Гора, ја препознале потребата на секторот за повторно воведување на авионската линија Скопје - Подгорица - Скопје, во насока на обезбедување соодветна инфраструктура која ќе овозможи поголемо движење на луѓе, стоки и услуги во двата правца, што како крајна цел ќе придонесе за зголемен обем на економската соработка меѓу Република Црна Гора и Република Македонија, а за која бизнис заедницата веќе даде подршка на самиот процес.

Пред присутните на форумот се обрати и претседателот на Здружението на угостителството и туризмот Соња Бибановска која истакна дека статистичките податоци за бројот на туристи кои ја посетиле Македонија и согласно реализираните ноќевања, покажува дека само 0,9 % од вкупниот број странски туристи се од Црна Гора.

Во таа насока, посочи Бибановска, денешниот Бизнис форум, организиран од Амбасадата на Црна Гора во Р. Македонија, во соработка со Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, е со цел во рамки на Договорот за соработка во областа на туризмот да се поттикне пред се` соработката во туризмот, но и во прехранбениот сектор кој директно и индиректно е поврзан со развојот на туризмот и угостителството како дејност.

Подршката на процесот на меѓусебната соработка ја потврдуваме и со веќе преземените две конкретни активности за идна поголема соработка, информираше Бибановска. Ќе се работи на реалиизрање на инфо тура од Македонија во Црна Гора и креирање заеднички туристички производи на Македонија и Црна Гора, што ќе се реализира на ниво на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Црна Гора, како дел од процесот на регионално поврзување на Западен Балкан.

Учесниците на Бизнис форумот ги поздрави и проф. д-р Снежана Матијевиќ, претседател на општина Тиват, која посочи дека градот од каде што доаѓа континуирано покажува стапки на раст и развој во целост. Бизнис форумот продолжи со презентирање на стопанските и туристичките потенцијали на Тиват, во рамки на кој свои презентации имаа најексклузивните туристички капацитети по кои се препознава Тиват и Црна Гора во целост во измнатите 10-тина години, а тоа се, Адриатик Маринас, Порто Монтенегро, компанијата Луштица беј, хотел Регент порто Монтенегро, како и хотелите Франца, Пине и Риана Монтенегро.

Имајќи ја во предвид исклучителната ексклузивност на Тиват како црногорска дестинација во која се инвестирани три од вкупно петте најголеми странски инвестиции во Црна Гора, како и фактот за исклучителниот раскош што го нуди Тиват како дестинација, Претседателот на Стопанската комора на Македонија и почесен конзул на Црна Гора во РМ со седиште во Штип, Бранко Азески, пред присутните посочи дека во рамки на Берлинскиот процес за подршка на Западен Балкан и актвностите на Коморскиот инвестициски форум, на следната регионална активност кој ќе биде организирана, ќе предложи Тиват да добие посебно признание како град односно општина која со својата заложба има направено вистинска успшена приказна.

Даниела Михајловска Василевска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права