22.05.2017 (Форум)
8. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ- 22-23.05.2017 САРАЕВО, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

23.05.2017 (Семинар)
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

07.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

19.05.2017


Актуелно  

Групација на агрегати, бетони и асфалти - ДИЛЕМА - ДАЛИ АТЕСТИТЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ УШТЕ ВАЖАТ


Согласно Заклучокот донесен на седницата на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите одржана на 5.4.2017 година, за одржување состаноци со концесионери на агрегати, по региони во земјата и презентирање на новините од Законот за градежни производи, на 18.5.2017 година се одржа состанок во Гостивар. На состанокот беа поканети концесионери на агрегати (варовници) од гостиварско-тетовскиот регион.



Во присуство на голем број заинтересирани концесионери, претставници на Комората, пазарна инспекција, стандардизација и од телата за сертификација, беше направена презентацијата: „Концепт на контрола на градежните производи согласно Законот за градежни производи и националните (европски) стандарди“, подготвена од страна на претставници од „ГЕИНГ“- Скопје, Градежниот институт „Македонија“ (ГИМ) - Скопје и Заводот за испитување на материјалите (ЗИМ) - Скопје, а ја презентираше Марјана Топаловска Ангелевска од „ГЕИНГ“ - Скопје.

Во презентацијата беше даден посебен акцент на обврските на производителот на градежниот производ согласно Законот за градежни производи, така што производителот за да може да издаде своја Изјава за својства, треба да има и Сертификат за сообразност на Фабричка контрола на производството (ФКП), издаден од страна телата за сертификација, така што со тоа се создадени услови производот да се пласира на пазарот.



Во обемната дискусија беа поставени повеќе прашања околу самиот процес на контрола на квалитетот каде што беше потенцирано дека самиот производител мора да го контролира квалитетот на агрегатот било во сопствена и/или во друга акредитирана лабораторија, при тоа користејќи ги усвоените европски стандарди, како техничка поткрепа, а тоа значи дека се заменуваат и досегашните атести кои произлегуваат од мкд-стандарди.

Заложбата и целта на концесионерите е да го задржат квалитетот на производот, во случајов агрегатот, со кој ќе се добие и квалтетен и градежен објект. Се постави прашањето дали сеуште важат атестите, при што беше истакнато дека за нив има преоден период, меѓутоа, веќе се создадени и законските условите со именување на телата за сертификација за оцена и потврда на постојаност на својствата на градежните производи за нивна замена и издавање на изјава за својства од страна на производителот..

Агрегатите се основните суровини за производство на голема палета на градежни производи, па затоа се разговара за нив и се појаснуваат сите прашања и дилеми околу процесот на фабричката контрола на квалитетот. Контролата на квалитетот е врзан ланец, во кој покрај производителите на било кој градежен производ, вклучени се изведувачите и надзорните инженери. Државната пазарна инспекција исто така, согласно закон, е вклучена во низата на контролата на квалитетот на производот.

На крајот на состанокот се заклучи презентацијата да се достави до сите присутни, а дополнителните прашања и предлози можат да се доставуваат до Стопанската комора на Македонија, одговоните лица во телата за сертификација, во ИСРМ.

Марија Петроска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права