23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

24.10.2017


Актуелно  

50 ГОДИНИ ЧЕЛИЧНА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА


Педесет години челична индустрија во Македонија беше темата на денешната редовна прес-конференција на Стопанската комора на Македонија, а за почетокот и за досегашниот развој на оваа индустрија говореше д-р Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургијата при Комората.

-Почетокот на производството на челик во Република Македонија, во далечната 1967 година, претставува исчекор кон индустријализацијата на земјата, што доведе до промена на економската и на социјалната структура, внесе нови технички знаења, нови организациски вештини кои се иманентни на таков вид индустриски комплекси и адекватни на новото време, создаде услови за преструктуирање на економијата во насока на развој на преработувачката индустрија, бродоградбата, наменската индустрија, металните конструкции, електромашинската индустрија и производството на опрема, истакна д-р Кочовски.

Со петдеценискиот развој челичната индустрија покажа дека и тогаш исто како и денес е најзначајната индустриска гранка за националната економија. Оваа индустрија е основ за реиндустријализација на економијата и за подигање на учеството на индустријата во бруто домашниот производ. За значењето говори и податокот дека странскиот капитал за прв пат во Република Македонија покажа интерес токму за челичната индустрија со влегувањето на „Дуферко“, во дел од тогашната Рудници и железарница „Скопје“.

-Производните и финансиските аутпути од челичната индустрија имаат силно влијание на макроекономските показатели – бруто домашниот производ, извозот, вработувањата, буџетските приходи и тоа сама по себе, а  преку поврзаноста со другите индустрии на влезната и на излезна страна влијанието врз макроекономските параметри петкратно се зголемува.  За мултипликативните ефекти на металната индустрија ,како и за нејзиниот развоен потенцијал направени се истражувања во рамките на Комората кои го покажуваат нејзиното влијание врз националната економија, истакна понатаму д-р Кочовски.

На крајот, тој се осврна и на актуелните состојби и движења, истакнувајќи дека заживувањето на пазарот и зголемувањето на нарачките резултираа со пораст на производството во челичната индустрија, а позитивни резултати на краток рок се очекуваат во „Макстил“ и „Арцелормиттал“ од Скопје и „Дојран стил“ – с. Николиќ, Дојран. Исто така, добри се состојбите со производството и извозот и во металопреработувачките капацитети, а со преземањето на „Фени индустри“ - Кавадарци од страна на бугарската компанија „Енекод“, како и со очекуваното решавање на еколошкото прашање во „Југохром алзар“ - Јегуновце, реално може да се очекува рестартирањето на производството во овие два големи индустриски извозни капацитета.

Зорица Мешкова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права