23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Бизнис-настани

12.12.2017 - 13.12.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -


Дводневен семинар на тема:

ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА
- Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12-13.12.2017 година (вторник-среда)
9:30 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 

          На дводневниот семинар учесниците ќе стекнат  познавања од областа на транспортот и логистиката. Ќе се запознаат со основните типови на транспорт, царински регулативи, складишнина и дистрибуција, паритети, како и кои се улогите во интернационалната логистика. Учесниците ќе ги надградат своите знаења или ќе се запознаат за прв пат со логистиката, а тоа ќе им овозможи успешно работење во која било организација од областа на транспортот и логистиката.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Што е логистика?
- Кои се основните типови на транспорт, потребна документација и како   функционираат?
- Што значи поимот паритети, односно Inco Terms и зошто е значајно да   се познаваат?
- Стратегии при планирање и пресметка на трошоци;
- Кои се улогите во интернационалната логистика?
- Како функционира логистиката во Македонија, царински регулативи,   складишнина и дистрибуција?
- Што е проектна логистика?
- Што е supply chain management?

Програма на семинарот:

- Вовед во транспорт и логистика, основни типови на транспорт;
- Поморски транспорт и типови на контејнери;
- Копнен транспорт, национален и интернационален;
- Авионски и железнички транспорт;
- Мултимодал или комбиниран транспорт;
- Паритети – Inco Terms;
- Потребна документација при секој тип на транспорт;
- Интернационална логистика и улоги;
- Царински регулативи, складишнина и дистрибуција;
- Логистички стратегии и пресметки;
- Проектна логистика;
- Вонгабаритен транспорт;
- Транспорт на опасни материи;
- Временски ограничени пратки;
- Воени и дипломатски пратки;
- Логистиката во Македонија и на Балканот;
- Фактори кои влијаат на транспортот и иднината на логистиката;
- Професионална етика;
- Вовед во supply chain, планирање, набавка и дистрибуција.

          Придобивките на организациите кои ќе ги дообучуваат своите вработени за да работаат успешно, да почнат да размислуваат надвор од нивната зона на комфор и да ги прошират своите знаења од областа на логистиката:

- Основа за долгорочен раст и развој на организацијата;
- Минимизирање на трошоците;
- Подобра ефективност на деловните процеси;
- Точна распределба на улоги и одговорности;
- Ефикасна организација на работата;
- Поголема компетитивна предност на пазарот;
- Подобрување на моралот на вработените;
- Поголема ангажираност кај вработените;
- Зголемена продуктивност во работењето;
- Проширување на областите за работа;
- Зголемување на ефикасноста на компанијата.

Предавач:

- Ана Лабор, основач и генерален менаџер на компанијата „Red Sky Logistics“, компанија од областа на транспортот и логистиката во Р. Македонија и работи на пазарот со странски клиенти на територијата на Европа. Ана Лабор е искусна и иновативна со 10-годишно искуство од областа на логистиката. Има работено во државниот, но и приватниот сектор, во домашни и интернационални организации.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 6.12.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права