27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

16.03.2018 (Семинар)
ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА, ОДНЕСУВАЊЕTO НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ ПРИ НАБАВКА И РЕИНЖЕНЕРИНГ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА НАБАВКИ И ЗАШТЕДИ

21.03.2018 (Семинар)
ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

26.03.2018 (Семинар)
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.03.2018 (Тренинг обука)
ВЕШТИНИ ВО ФИНАНСИСКОTO РАБОТЕЊЕ

28.03.2018 (Семинар)
Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација

30.03.2018 (Семинар)
РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

13.04.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби во Бања Лука - ЕЕН мрежа

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

05.02.2018


Актуелно  

Стопанската комора влегува во битка за поголем извоз


Цел е соодносот на извозот во БДП да се зголеми од 50 до околу 75 отсто.

Создавањето реални услови за освојување нови пазари кои се од клучно значење за раст на извозот, а со тоа и на националната економија е една од стратешките цели на Стопанската комора.

- Македонската економија, како мала, отворена, за да одржи долгорочен раст, треба и понатаму да ја поддржува извозната ориентација на домашните компании - велат од Комората. 

Потребата за унапредување на извозните можности на македонските компании беше и еден од клучните заклучоци во научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз“, изготвена од Виенскиот институт за меѓународни економски односи, по барање на Стопанската комора на Македонија, со посочување на потребата соодносот на извозот во БДП да се зголеми од 50 до околу 75 проценти.

-За да може развојот да се движи напред, неопходно е да се направат дополнителни подобрувања во трговскиот сектор со цел да се поддржи растот на извозот. Извозот претставува стратешки одговор за растот на секоја компанија, но и за економијата на една држава. Со него се обезбедува поголем девизен прилив во земјата, компаниите стануваат поконкурентни усогласени со меѓународни стандарди и процедури, што за возврат резултира со поголем профит и можност на компаниите да се стремат кон максимално искористување на своите капацитети – велат од Комората.

Но, извозниците се соочуваат со голем број пречки пред да настапат на странскиот пазар: различни прописи, нецарински бариери, неусогласени законодавни системи, недоволно знаење за критериумите на извозните пазари, продажни канали, логистика и услови за испорачување, недостатокот од маркетиншки и продажни вештини.

За да им помогне на извозниците во нивното надворешно-трговско работење, Во рамки на Стопанската комора на крајопт на минатата година беше формиран Клуб на извозници. Негова цел е развивање на трговските контакти и насочување на извозно – увозни можности на компаниите за повисоки облици на соработка, со цел надминување на проблемите кои претставуваат пречка за зголемувањето на извозот на домашните компании.

Работата на Клубот е целосно насочена кон развивање и унапредување на соработката со надлежните институции во земјата и во странство преку изготвување предлози за решавање на проблемите во одделните компании и дејности и подготовка на мислења и ставови по одредени прашања поврзани со истите, остварување контакти со институциите и органите на извршната и законодавната власт, невладини и струкови организации во врска со проблемите од надворешно-трговските дејности, продлабочување на меѓународните активности преку промоција на извозно ориентираните компании од Македонија, како и едукативни настани преку кои ќе се споделуваат искуства и знаења од домашни и странски експерти и имплементација на истите за зголемување на конкурентноста на македонските компании на странските пазари.

Со цел поголема промоција на извозно ориентираните компании, за членките на Клубот на извозници ќе биде изработен и Каталог во којшто компаниите ќе имаат можност да ги претстават своите капацитети и извозни портфолија со детални информации, со цел истиот како промотивен материјал да биде достапен на сите потенцијални партнери во земјата и во странство, како и на странските претставништва во земјата и дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија во странство.

Македонската економија е извозно ориентирана, но со огромен дефицит во трговската размена во износ од 1,8 милијарди американски долари, за 11 месеци од 2017 година. Според статистичките податоци од Државниот завод за статистика во однос на вкупната трговска размена меѓу земјава со светот, Германија во последните неколку години е прв трговски партнер и една од ретките земји со коишто се бележи трговски суфицит на македонска страна. Од вкупното извозно салдо на Република Македонија, најголем процент отпаѓа на Германија со вкупно 47,01 отсто за период од месеци лани и бележи тренд на постојан раст во последните две години. Според статистичките податоци, најголем процент на учество во вкупниот извоз за истиот период лани, покрај Германија бележи и со Бугарија (5,9 отсто), Србија (4,3 отсто), Грција (3,6 отсто), Италија (3,3 отсто), Романија (3 отсто), Шпанија (1,7 отсто), Турција (1,5 отсто) и Велика Британија (1,4 отсто).

Во структурата на извозното салдо на Република Македонија, според застапеноста на производите за 11 месеци лани, најзастапени се машини и транспортни уреди, хемиски и сродни производи, производи класирани според материјалот, разни готови производи, храна и живи животни и пијалаци и тутун.

Пренесено: http://plusinfo.mk/vest/141954/stopanskata-komora-vleguva-vo-bitka-za-pogolem-izvoz











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права