Трговска размена и режими
Покрај Р. Македонија и Р. Црна Гора и Р. Србија влезе во триаголникот на бесцаринска трговија со Турција и ЕУ - КРЕИРАЊЕ ЗАЕДНИЧКИ ПРОИЗВОДИ СО КОНКУРЕНТСКИ ПРЕДНОСТИ
Спогодбата за слободна трговија меѓу Србија и Турција стапува на сила од 1-ви септември
Српските стопанственици со Спогодбата добиваат можност за користење на погодноста за заедничко производство со Турција и дијагонална кумулација на потеклото на стоките со други земји на ЦЕФТА коишто имаат билатерални договори за слободна трговија со Турција, а тоа се Македонија, БиХ, Хрватска, Црна Гора и Албанија. Повеќе...
Обем на трговската размена на Република Македонија со земјите од ЦЕФТА регионот во 2009 година
Надворешно-трговска размена на Република Македонија со ЦЕФТА земјите (Албанија, БиХ, Србија, Хрватска, Црна Гора, Косово и Молдавија) во 2009 година достигна вредност од 1.600,7 милиони САД$, или 20,7% од вкупната надворешно-трговската размена. Повеќе...
Република Македонија ратификува Измена на Протоколот 2 кон Договорот
за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција
Измената на Протоколот овозможува во производите добиени во Република Македонија да бидат вклучени недоволно обработени или преработени материјали, со потекло од Република Турција, ЕЗ, и од која било земја од процесот на стабилизација и асоцијација на ЕУ, доколку имаат склучено договори за слободна трговија со Република Турција. Повеќе...
Надворешно-трговска размена на Република Македонија со ЦЕФТА земјите
Вкупната трговска размена на Република Македонија со ЦЕФТА земјите во 2007 година изнесува 1.605.205.000 САД$ или 18,70% од вкупната надворешно-трговската размена. Трговскиот суфицит со овие земји изнесува 378.167.000 САД$. Само со Република Молдавија имаме незначителен трговски дефицит. Вкупниот извоз во земјите на ЦЕФТА за посочениот период учествува со 29,54% во вкупниот извоз на земјата, а во вкупниот увоз, ЦЕФТА земјите учествуваат со 11,73%. Целосен преглед тука...
Табеларен приказ за надворешно-трговска размена на Република Македонија со ЦЕФТА земјите 2008-2006. Повеќе...
Табеларен приказ директни инвестиции од ЦЕФТА земјите Тука...