26.06.2018 (Презентација)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ ЗА ИСКОРИСТУВАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.07.2018 (Форум)
7ми Самит и бизнис форум на шефовите на влада на земјите од Централна и Источна Европа и Кина

12.07.2018 (Работилница)
ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА, ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА ВРЕМЕНА НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА – БОЛЕДУВАЊЕ, ПАУЗИ И ОДМОРИ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

21.06.2018 - 21.06.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ


Eднодневен семинар:

ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21 јуни 2018 година (четврток)
10:00 - 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат


             Стопанска комора на Македонија организира еднодневен семинар наменет за приватните компании како учесници на пазарот за јавните набавки, имајќи го предвид фактот дека во 2018 година се 100% ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ, а голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество, недоволно ги познаваат можностите и предностите што ги нуди (ЕСЈН) - регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба - „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ, анализа на ОТВОРЕНИ податоци, пребарување и слично.

           На семинарот ќе бидат презентирани и некои од новините кои се однесуваат на областа на е-набавките, а кои се предложени во Нацрт-законот за јавни набавки, како што се: концепт на е-пазар за набавки од мала вредност и е-каталози; објава на е-план измени/дополнувања; новиот концепт на Економски најповолна понуда; е-жалба; пристап до сите понуди на конкретен тендер и останати теми.
 
Програма на семинарот:

 - Предности од електронски постапки за јавни набавки и на што да се ВНИМАВА!!!;
 - Новини и предлози во новиот закон за јавни набавки;
 - Насоки за подготовка на електронски понуди;
 - Пребарување објавени тендери и договори;
-  Електронски систем за јавни набавки – корисни алатки и е-аукции/конечна цена;
 - Дигитални потписи и начин на аплицирање;
 - Најчести грешки!
 
На семинарот ќе се разгледува најактуелната тема за е-јавни набавки, и тоа:

 - Како да ги користите бенефитите од ЕСЈН;
 - Најбрзо да дознаете за новите тендери и преглед на ТД без регистрација;
 - Успешна подготовка и поднесување електронска понуда;
 - Е-тендерско досие / Профил на економски оператор;
 - Објава на тендери од меѓународни институции;
 - Правилно користење на дигитални сертификати.

Новини кои ќе произлезат од новиот Нацрт-закон за јавните набавки:

 - Објавување е-план за јавни набавки и придобивките на економските оператори од оваа алатка;
 - Концепт на е-пазар и набавки од мала вредност;
 - Можности за користење е-каталози;
 - Пристап до целата документација од постапката во рокот за жалба;
 - Имплементација на електронска жалба;
 - Објава на договорите за јавни набавки и реализација на истите.

Предавачи:
- Марија Јованоска и Горан Давидовски, експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, директно вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија.

Минимален број за реализација на семинарот е 20 учесници.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: 

- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 14.6.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права