25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

07.02.2019 (Семинар)
ЕФИКАСНА УПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПРИ РЕГРУТАЦИЈА НА НОВИ ВРАБОТЕНИ

07.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

10.09.2018


Актуелно  

ПРЕВЗЕМЕНО: ЛЕТНА ИНВЕСТИЦИСКА АКТИВНОСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ


Во минатиот број на Економија и бизнис посочив дека на овие страници ќе објавувам мои видувања и информации за тековните случувања во реалниот сектор. Целта е тие информации да не бидат само празни зборови, туку да се искористат во интерес на економијата и на државата. Во таа насока, во ова издание би сакал со јавноста да споделам неколку примери за успешни македонски компании – истакнати членки на Стопанската комора на Македонија, чии најнови инвестиции имав можност да ги посетам за време на моето патување во изминативе петнаесетина дена.

На тој начин сакам да ги поттикнам и медиумите да направат обиколка низ Македонија со цел да ги афирмираат компаниите кои преземаат инвестициски активности и се од несомена важност за развојот на домашната економија.
Ако тргнете во посета на Западна Македонија, на самиот влез во Тетово ќе го забележите хотелот Меркур (Mercure (брендиран под името на истоимениот меѓународен синџир на хотели)) кој доминира со својата убавина над останатите градби и несомнено ќе стане симбол на градот. Хотелот располага со 101 соба и апартмани, како и со конференциски сали со најмодерна аудиовизуелна опрема и капацитет за опслужување до 200 лица. Носител на франшизата за хотелот е нашата истакната компанија членка Ренова, која е и еден од инвеститорите на комплексот РЕМ Центар – инвестиција пространа на површина од 60 000 метри квадратни во вкупна вредност од 40 милиони евра.

ОД ПОЧЕТОЦИТЕ НА СВОЕТО РАБОТЕЊЕ ВИТАМИНКА КОНТИНУИРАНО СОЗДАВА СВЕТ НА ВКУСОВИ ПРЕПОЗНАТЛИВ ЗА НЕКОЛКУ ГЕНЕРАЦИИ.

Патот ме водеше и кон Дебар, до Аква паркот во бањскиот локалитет Косоврасти. Инвестицијата на една од најстарите членки на Стопанската комора, Дебарски бањи – Цапа, која се протега на површина од 6 000 метри квадратни, претставува една од најиновативните атракции во изминатиов период. Аква паркот е професионално дизајниран и е изграден во согласност со највисоките стандарди, располага со затворен и со отворени базени, повеќе од 60 забавни точки, мрзлива река, сауни и многу други атракции на вода. Покрај базени, Аква паркот нуди и Спа и Велнес центар. Преку ваквите проекти, покрај осовременување на постојните капацитети, Дебарски бањи – Цапа континуирано креира и нови вработувања.

Моето патување продолжи и во Охрид, во посета на компанијата Андрос – пример за развојна и извозно ориентирана компанија чии почетоци датираат уште од 1997 година. Со текот на времето Андрос континуирано ги зголемува своите производни капацитети и портфолиото на активности го диверзификува во различни индустрии (металната, хемиската и електроиндустријата). Во последниве години компанијата е во постојана инвестициска активност и има континуирано проширување на продажбата, примарно во соседните земји, но и пошироко.

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ Е ДОЛГОГОДИШНА ЧЛЕНКА НА КОМОРАТА И КОМПАНИЈА ЗА ПРИМЕР ВО МЕРМЕРНАТА ИНДУСТРИЈА, ЧИЕ РАБОТЕЊЕ Е УСОГЛАСЕНО СО НАЈВИСОКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ И ЕКОЛОШКИ СТАНДАРДИ И ОБЕЗБЕДУВА ВРВНА ВРЕДНОСТ ЗА СВОИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И КЛИЕНТИ.

Во непосредна близина на Битола е лоцирана инвестицијата ИМВ – Индустрија за млеко Велковски во сопственост на господинот Мирко Велковски кој воедно е и претседател на Регионалната комора со седиште во Битола. Инвестицијата, наменета за производство на млеко и млечни производи, во моментов вредна 3 000 000 евра, до крајот на годинава ќе биде заокружена со уште едно вложување за воведување нова линија на пакување на производите во вредност од 400 000 евра. Млекарницата се простира на површина од 20 000 метри квадратни и вработува 50 лица од кои голем дел се стручен и високообразован кадар.

Во Прилеп актуелни се новите инвестиции на Прилепска пиварница – автоматска линија за полнење пиво и газирани сокови во пластична амбалажа (во вредност од 6 000 000 евра), инвестициите на Мермерен комбинат АД Прилеп во разновидна опрема за обработка на мермерна маса (во вредност од 1 500 000 евра), како и инвестицијата на Витаминка во фабрички ресторан и во магацин за нови производи (со површина од 3 000 метри квадратни и вредност од околу 2 000 000 евра).

ПРЕКУ КОНТИНУИРАНО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ПРОИЗВОДНИТЕ ПРОЦЕСИ, ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА РЕЧИСИ ЕДЕН ВЕК ОПСТОЈУВА НА ПАЗАРОТ И Е ПРЕПОЗНАТЛИВА ПО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ПИВО И ГАЗИРАНИ БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ.

Тука би сакал да го завршам моето излагање во кое беа презентирани дел од инвестициите на македонските компании од Западниот Регион, а нашето патување ќе продолжи и во следниот број на ова списание, посветено на инвестициската активност на компаниите од Источниот Регион на Македонија.

П. С. Стопанската комора на Македонија изминативе години постојано се залагаше за донесување закон во кој ќе бидат содржани мерки за системско поттикнување на инвестициите како поддршка на успешните производствени и извозни компании. Со донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, во кој се преточени најголем дел од мерките кои ги предлагаше бизнис-заедницата, можеме гордо да кажеме дека нашата мисија е успешно реализирана, а во идниот период ги очекуваме првите резултати од практичната имплементација на Законот и зголемување на инвестициската активност на компаниите.

Извор: http://www.ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?id=22148











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права