24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

04.10.2018 (Форум)
ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ -04.10.2018

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

11.09.2009


Актуелно  

Во Стопанската комора на Македонија се одржа семинарот „Со ХАЛАЛ стандардот до настап на нови пазари“ - ХАЛАЛ ВОДИ ДО 1,8 МИЛИЈАРДИ КУПУВАЧИ


      Макeдонската економија во услови на светска финнсиска криза треба да ја унапреди соработката со земјите од Блискиот Исток, а извозниците мора да се свртат кон озвојување нови, алтернативни пазари.
      - Со воведувањето на ХАЛАЛ стандардот очекуваме да ни се отвори огромен пазар. Македонија не може и не треба да се фокусира само на Европа. Африка и Блискиот Исток се големи пазари, тоа не смееме да го заборавиме, изјави Биба Исмаил, бизнисмен од Скопје на семинарот  „Со ХАЛАЛ стандардот до настап на нови пазари“ што се одржа во Стопанската комора на Македонија (10.9.2009 година).

                                                                                                                         
        Македонските компании од прехранбената индустрија допрва ќе се запознаваат со ХАЛАЛ стандардот кој е основен услов за пласман на производството во земјите од Блискиот Исток.  Во последните децении на минатиот век арапските беа традиционални пазари за македонските компании и значајни трговски партнери, но денешнта ситуација е видно изменета. Економска размена со нив речиси и не постои, беше истакнато на семинарот.

                                                                                                                        
        -ХАЛАЛ е арапски термин кој означува „се што е дозволено“ во исламот според шеријатското (верско) право.  ХАЛАЛ стандардот значи производство на храна согласно исламските прописи. Има повеќе специфики, начинот на колење, изземање на алкохолот или адитивите кои содржат свинско месо... Нашите фирми не се многу информирани, но заинтересираноста за стандардот е голема. Некои, како „Витаминка“, „Свислион“, кланиците..., ја знаат предноста од неговото воведување, знаат дека тоа ќе им отвори нови, големи пазари, нагласи Александра Марковска од „Фуд консалтинг“, презентер на семинарот.
 Пред три години на балканските простори првпат е формирана Агенција која има можност да сертифицира ХАЛАЛ производство на храна. Според Александра Марковска, компаниите кои имаат воведено НАССР, имплементирањето ХАЛАЛ нема да ги чини многу.

                                                                                                                             
      Светскиот ХАЛАЛ пазар ги задоволува потребите на 1,8 милијарди купувачи од муслиманска вероисповед и е најбрзорастечки. Годишно прави промет од 850 милијарди американски долари. Досегашната стапка на раст е 40 отсто, а се предвидува да достигне 50 проценти. Само економиите на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Оман и Кувајт тежат 715 милијарди долари. ХАЛАЛ пазарот годинава достигна 456,4 милијарди евра.
      Воведувањето на ХАЛАЛ е долгогодишна пракса на големите светски компании „Мек доналдс“, „Нестле“, „КФЦ“. Во нашето опкружување, фирми што вовеле ХАЛАЛ се „Краш“, „Виндија“ и „Подравка“. ХАЛАЛ квалитетот, освен храна, опфаќа и фармацевтски производи, козметика, предмети за општа употреба и услуги (финансии, банкарство, трговија, угостителство.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права