23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

30.03.2017 - 31.03.2017


Семинар  Македонија

Дводневен семинар на тема:РИЗИЦИ ВО ИТ-РАБОТЕЊЕТО


Дводневен семинар на тема:

РИЗИЦИ ВО ИТ-РАБОТЕЊЕТО

30-31.3.2017 година
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Лошото препознавање, евидентирање и следење на ИТ-ризикот, како и користењето на небезбедни решенија може да доведе до одлив на доверливи информации, нарушување на работењето, пад на продажбата, губење на важни клиенти или едноставно – престанок на работењето на компанијата.
 
Денес голем број компании ги екстернализираат своите услуги со цел да ги оптимизираат своето работење и ресурсите кои ги ангажираат. Дали во Вашата компанија овој процес е добро уреден? На кој начин најдобро ги дефинирате гаранцијата на нивото на квалитет на услугите (SLA), чувањето на доверливи информации (NDA), пенали и други критични ставки?

Доколку Вашата компанија пристапила во интерен развој на софтвер, дали ги почитувате безбедносните процедури, дали користите крипто-алгоритми и само проверен софтвер за развој?

Овој семинар Ви овозможува:
-упатства за успешно дефинирање и следење на ИТ-ризици;
-насоки за правилно и безбедно пристапување во интерно развивање на софтвери;
-совети за адекватна заштита и безбедност на информационите системи;
-интерактивност и одговори на Вашите прашања, директно од предавачите;
-запознавање со колеги од струката, дискусии, примери од праксата и размена на искуства.

Семинарот е наменет за: раководители и вработени во ИТ-служби, лица одговорни за заштита на работните информации, ИТ-ревизори, програмери и личности задолжени за интерен развој на софтвер, мрежни инженери, службите за финансии, обезбедување, правна служба, извршителите на банкарски и други работи, осигурителните друштва, лицата одговорни за управување со бази на податоци, управување со ИТ-ризици, спроведување контрола на ИТ-стандардите, заштита на системите за плаќања и платежни картички, добавувачите во врска со информациониот систем, како и сите кои имаат потреба од заштитен пристап, како и заштита на самите информации поради висок степен на одговорност и ризик во стопанските друштва.

ПРОГРАМА:

I ден
-Дефинирање и следење на ИТ ризикот;
-Управување со ИТ ризик преку најдобри меѓународни практики - ИТ стандарди и препораки;
-Анализа на најчести ИТ ризици и решенија за спречување на ИТ ризици;
-Централизирано управување со ИТ ресурсите и безбедноста на информации;
-ИТ стандарди (ITIL, ISO, PCI DSS);
-ИТ документација - политики и процедури;
-Контрола на договорот и безбедно работење преку екстернализација на ИТ услуги;
-ИТ ревизија на надворешни партнери преку примери од пракса;
-COBIT и модел на зрелост во процесот;
-Интерен и екстерен развој на софтвер;
-Напредни методи за безбедност и енкрипција;
-Расположливоста на критични услуги;
-Интегритет на податоците во големи системи;
-Улоги на ИТ проектите - CISO и ИТ ревизија;
-Контрола на важни делови од информациониот систем;
-Практични примери од ИТ ревизија;

II ден
-Воспоставување на интерна контрола за безбедно работење;
-Класификација и означување на информација;
-Стратегијата за безбедност;
-Класификација на ИТ ризици;
-Право на пристап и применета на контрола;
-Безбедност, интегритет и достапност на системот;
-Актуелни ИТ закани;
-Безбедност на ИТ инфраструктура;
-Безбедност во работењето со практични примери од пракса;
-Улогата на вработени и нивниот придонес во ИТ безбедност;
-Едукација;
-Пенетрационо тестирање (етички хакинг).

Предавачи:

•Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Основач на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting, каде е извршен директор. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија; 

•Лука Милинковиќ, ИТ-ревизор во Комерцијална банка АД – Србија, каде имплементира безбедносна контрола и процени на ризикот на ИТ-системите на банките. Со информациона безбедност и едукација се занимава повеќе од 10 години, а за време на тој период има работено и на Електротехничкиот факултет во Белград, каде моментално е на докторски студии. Има работено на развој и имплементирање на безбедносни методи, мрежни технологии и алгоритми за енкрипција. Автор е на многубројни трудови и учествувал на домашни и меѓународни научни конференции, а  член е на ИТ-списанието „PC Press“. Тој исто така е сертифициран внатрешен ревизор за ISO/IEC 27001 и ISО 31000 управување со ризик.
 
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-работен материјал;
-ручeк и освежување;
-сертификат за присуство на семинарот.

Работен јазик на обуката: српски.

Рок за пријавување: 23.3.2016 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права