04.08.2014 (Повик)
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА БИЗНИС-СРЕДБИ НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА „MARKETPLACE AUSTRIA“ВО ВИЕНА НА 15.10.2014 ГОДИНА

11.09.2014 (Саем)
Меѓународен саем за информатичко комуникациски технологии "CeBIT Eurasia" од 11-14 септември 2014 во Истанбул, Турција

16.09.2014 (Саем)
„AUTOMECHANIKA FRANKFURT 2014“ Саем за автомобилската индустрија

17.09.2014 (Саем)
„CONSTRUCT HOME 2014“ - 3. Меѓународен саем за архитектонски дизајн, градежни материјали, технологии и опрема за модерни домови

18.09.2014 (Саем)
Меѓународен саем за пакување-EURASIA PACKAGING 2014 ISTANBUL и Меѓународен саем за технологија на храна-ISTANBUL FOOD-TECH 2014.

24.09.2014 (Саем)
MARMOMACC - 2014 - 49. Меѓународен саем за мермер, машини за обработка на камен во градежништво, дизајн и технологија(24 - 27 септември 2014 година, Верона, Италија)

18.10.2014 (Конференција)
4-та Меѓународна конференција за економија, што ќе се одржи од 18 до 20 октомври 2014 година во хотелот „Ака Антедон“ - Анталија

12.11.2014 (Саем)
Меѓународен саем за медицина МЕДИКА 2014

04.12.2014 (Саем)
Меѓународен Саем за пластика PLAST EURASIA ISTANBUL 2014, 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Истанбул

Основни информации

Деловен клуб за соработка со Франција и франкофоните земји

Француско – македонскиот деловен клуб (Club des affaires franco-macedonien) e заедничка иницијатива на македонските и француските претприемачи во Македонија, основан со поддршка на Стопанската комора на Македонија,  Амбасадата на Франција во Скопје, Амбасадата на Македонија во Париз, како и соодветните министерства во двете земји.
Нашата главна мисија е да станеме вистинско место за средба и прием на француските и македонските претприемачи за каква било стопанска активност помеѓу Македонија, франкофонските земји и особено Франција.
Нашата улога е да бидеме дополнување на официјалните институции кои ги помагаат билатералните стопанските односи помеѓу Македонија, франкофонските земји и особено Франција.

Конституирање

Февруари 2009
основање во рамките на Стопанската комора на Македонија со Одлука од Управниот одбор

Мај 2009 – поставување на управниот тим
Бернар Коениг, претседател (член на Надзорен одбор на Охридска Банка-Societe Generale Groupe)
 

Одлука за формирање на Клубот- 19.02.2009

Правилник за работа на Клубот-

Членство
Годишна членарина:
10.000 ден
за претпријатија кои не се членки на Стопанската комора на Македонија  
5000 ден
за претпријатија членки на Стопанската комора на Македонија
1000 ден
за физички лица кои се занимаваат со нестопанска дејност
(лекари, пензионери, професори)

Факти и бројки
Франција е на 18 место на скалата на трговска размена со Македонија во 2008 година со вкупна размена од 145,5 милиони САД долари од кои 24,3 милиони САД долари извоз, 121,2 милиони САД долари увоз. Најзастапени производи од извоз се топловалани производи од железо (4,9 $мил.), конфекција (2,3 $мил.), неизжилен тутун (2,7 $мил.) и прехрамбени производи (1,5 $мил.) Најзастапени производи од увоз се автомобили (32 $мил.), фармацевтски производи (8,2 $мил.), текстилни предива (5,6 $мил.), машини и опрема и други производи (89,5 $мил.) 

Услуги за членките

Настани
Платформа за претприемачите од Македонија заинтересирани за француско-македонските стопански односи и франкофонските земји
Организирање/учество на тематски семинари, округли маси, средби за воспоставување деловни контакти
Билатерални трговски средби 
Обезбедување на информации
Контакти од претпријатија
Основни стопански информации
Секторски информации
Помош при барање на партнери

За клубот рекоа...

Н.Е.Бернар Валеро, амбасадор на Франција во Македонија
«Неопходно е македонските деловни луѓе многу поагресивно да ги бараат  француските компании и да ги убедуваат во својот квалитет. Овој клуб, кој се формира навистина во вистинскиот момент и со иницијатива од бизнисот, и кој ние  интензивно ќе го подржуваме, може  да  стане мост за зголемувањето на размената.»

Г-дин Бернар Коениг, претседател на деловниот клуб
«Место за размена par excellence, овој деловен клуб ќе треба да им овозможи на македонските, француските и франкофонските претпријатија подобро да се запознаат и да ги разберат взаемно нивните квалитети така што ќе можат целосно да ги искористат нивните поединечни компетенции.»

Г-ѓа Сава Димитрова, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија
«Стопанската комора на Македонија го препозна моментот на потребата и можностите и застана зад ставот на француското Министерство за економија за формирање на Клубот со основна цел - поттикнување на развојот на стопанската соработка со Република Франција и со други 56 земји-членки на Франкофонијата, плус 14 земји-набљудувачи .»

Информација за трговската размена со франкофоните земји

Членки на Меѓународната Организација на Франкофонијата


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk


Брилијантен покровител

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права