25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Бизнис-настани

04.10.2018 - 04.10.2018


Форум Скопје,  Македонија

ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ - 04.10.2018


судија закон регулатива Finland 

 Почитувани,

     Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Финска, Стопанската комора на Македонија  во соработка со Амбасадата на Република Финска во Република Србија и „Finnpartnership” организираат еднодневен бизнис форум на тема: „Doing Business with Finland“.

     Финска е една од водечките земји во светот во многу индустрии и е позната по стабилно и просперитетно деловно опкружување и успешни деловни релации како со нордиските земји така и со единствениот пазар на Европа. Настанот е организиран  во соработка со финската бизнис партнерска програма „Finnpartnership“, коишто уште од 2007 година организираат успешни бизнис настани во регионот и пошироко, со цел олеснување на бизнис релациите меѓу Република Финска и земјите во развој.

     Бизнис форумот има за цел да ги претстави можностите за соработка со компании од Финска и останатите нордиски земји  и да им овозможи директно поврзување на македонските компании со потенцијални партнери од Финска и од нордиските земји. На бизнис форумот, претставниците од „Finnpartnership“, покрај презентацијата на бизнис климата во Република Финска, ќе ги презентираат и можностите за соработка со фински компании коишто го познаваат македонскиот пазар и бараат деловни партнери во Македонија.

Овој, прв од ваков вид настан, е наменет пред се` за компаниите од:
- секторот за информатичко-комуникациски технологии;
- прехранбената индустрија;
- животната средина и Cleantech и
- металната индустрија.

Бизнис форумот ќе се одржи на 4 октомври 2018 година (четврток), со почеток во 9:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

     Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 2 октомври  2018 година.

Контакт:
м-р Сања Николова 
Телефон: ++ 389 2 3244091 
E-адреса: sanja@mchamber.mk  


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: Sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права