25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

04.10.2018 (Форум)
ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ -04.10.2018

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

07.06.2016


Актуелно  

БИЗНИС-ПАРТНЕРСТВАТА МОЖЕ ДА ЈА ИНТЕНЗИВИРААТ РАЗМЕНАТА - Македонско-австриски деловни средби во Стопанската комора на Македонија


Стопанските комори на Македонија и на Австрија организираа Македонско-австриски деловни средби, со цел поттикнување на соработката меѓу компаниите од двете земји (7.6.2016 година).
 
Австриската бизнис-делегација имаше можност  да се запознае со можностите за соработка со македонските компании.

Со оглед на составот на бизнис-делегацијата од Австрија, овојпат соработката со македонските фирми беше фокусирана на компании од различни сектори,  и тоа компании кои се занимаваат со преработка на дрво, производство на алати, машини и опрема кои се потребни за производство на технички профили, производство на теренски возила и снабдување со решенија за електрични спојки, како и компании коишто се занимаваат со рехабилитација на болни лица и старечки домови и кои произведуваат специјализирана козметика. 

- Република Македонија е наш долгогодишен пријател и стратешки партнер, а оваа посета, како и останатите посети на австриските бизнисмени, е позитивен одговор на интересот за соработка од двете страни, изјави Герхард Шлатл, економско аташе на Република Австрија во Република Македонија.
 
- Од особена важност за Стопанската комора на Македонија е да се создадат можности за воспоставување директни средби меѓу македонски и австриски компании со цел обезбедување извоз на македонските производи на европските пазари, особено што Република Македонија и регионот имаат потреба од соработка на економски план, особено во партнерство со јака економија, како што е австриската, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија.

- Во Македонија доаѓа најголема австриска бизнис-делегација досега која е заинтересирана да воспостави соработка со македонските компании. Не станува збор за директни инвестиции, туку за пронаоѓање бизнис-партнери и дистрибутери, истакна Герхард Шлатл, економско аташе на Република Австрија во Република Македонија.

Преку шеесетина претставници на 40 македонски компании беа присутни во Стопанската комора на Македонија и имаа средба со австриските компании од различни сектори и тоа од: дрвната и машинската индустрија, опрема и машини за производство на технички профили, физикална и специјализирана козметика. 
 

Република Австрија е четиринаесетти трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија во 2015 година и втор најголем инвеститор во Македонија, но простор за соработка има и треба да се поттикне и да се интензивира соработката меѓу австриските и македонските компании со цел да се зголемени трговска размена од двете страни, бидејќи евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 17 милиони САД $.

Вкупната трговска размена во првите 3 месеци од тековната 2016 година изнесува 39,86 милиони САД $, што претставува раст од 10% споредено со истиот период во 2015 година. Извозот изнесува 11 милиони САД $, што претставува значително зголемување од 51%, додека увозното салдо изнесува 28 милиони САД $, или намалување од 0,6% во споредба со истиот период минатата година.

 

М-р Ирена Мојсовска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права