27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

16.03.2018 (Семинар)
ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА, ОДНЕСУВАЊЕTO НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ ПРИ НАБАВКА И РЕИНЖЕНЕРИНГ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА НАБАВКИ И ЗАШТЕДИ

21.03.2018 (Семинар)
ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

26.03.2018 (Семинар)
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.03.2018 (Тренинг обука)
ВЕШТИНИ ВО ФИНАНСИСКОTO РАБОТЕЊЕ

28.03.2018 (Семинар)
Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација

30.03.2018 (Семинар)
РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

13.04.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби во Бања Лука - ЕЕН мрежа

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.02.2018


Актуелно  

ПОТРЕБНО Е РЕВИДИРАЊЕ НА ПРЕКРШОЧНИТЕ САНКЦИИ И ЗАБРЗАНИТЕ ПОСТАПКИ ЗА ПОРАМНУВАЊЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ СО ЦЕЛ СОЗДАВАЊЕ ПОВОЛНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ


За да се создаде поволно деловно опкружување потребни се промени во прекршочната политика, беше посочено на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (12.02.2018 година), и тоа како во однос на прекршочните санкции кои се изрекуваат на правните лица, така и во однос на спроведувањето на забрзаните постапки за порамнување.

 

Со Законот за прекршоците, кој почна да се применува од јули 2015 година, во однос на прекршочните санкции за правните лица, воведени беа две новини – прво, воведена беше опомената, и беше променет моделот на одмерување на глобите кога сторител на прекршокот е правно лице. Д-р Татјана Штерјова, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија, посочи дека воведувањето на опомената како санкција за правните лица беше по предлог на Стопанската комора на Македонија, во насока на зајакнување на превентивната за сметка на репресивната функција на санкционирањето на деловните субјекти, кои полесно ги повредиле законските одредби. Притоа, беше посочено дека е потребно да се зајакнува превентивната функција на инспекциските служби, за сметка на казнувањето, и почесто да се користи можноста за едукација на компаниите, особено на оние кои за прв пат направиле некаков прекршок, така што ќе им се укажува на направените пропусти во работењето преку посочување каде да го корегираат своето работење, во насока на постигнување на целосна усогласеност на нивното работење со применливите прописи.

-Иако менувањето на моделот на одмерување на глобите беше резултат на забелешките од страна на бизнис заедницата, пред се`, поради големите износи кои беа уредени во одделните закони, како и непостоењето механизми за контролирање на износите кои ќе бидат изречени во секој поодделен случај, ставот на бизнис заедницата е дека голем дел од овие прашања се` уште остануваат отворени. Имено, важечкото решение уредува дека висината на глобата за правните лица се одмерува согласно три критериуми: вкупниот приход на правното лице во претходната година (по кој основ може да се изрече најмногу 70% од пропишаната глоба), просечниот број на вработени кај субјектот (по кој основ може да се изрече најмногу 20% од пропишаната глоба) и околноста дали на тоа правно лице претходно му биле изрекувани прекршочни санкции (по кој основ може да се изречат 10% од пропишаната глоба). Сепак, ваквиот модел на одмерување на глобата се заснова единствено на критериуми кои се засноваат на перформансите на самиот субјект кој се казнува, и не оставаат можност за градација на прекршокот кој ќе биде направен  - при одмерувањето воопшто не се земаат предвид природата и тежината на сторениот прекршок, степенот на одговорност за сторениот прекршок и околностите под кои е сторен прекршокот. Поради тоа, бизнис заедницата смета дека и овие критериуми треба да бидат земени предвид при одмерувањето на глобите, - посочи д-р Штерјова.

Второто прашање во врска со глобите се однесува на висината која е пропишана. Имено, иако самиот Закон за прекршоците уредува дека глобата за правно лице е поставена во распон помеѓу 200 и 5000 евра во денарска противвредност, самиот закон во продолжение остава можност со законот со кој се пропишува прекршокот да се пропише и повисока глоба од рамките определени со Законот за прекршоците, и таа можност многу често се користи од законодавецот. Поради наведеното, бизнис заедницата смета дека сите прекршочни одредби во кои глобите се пропишани во износ над максимумот од 5.000 евра, што е уредено со Законот за прекршоците, треба да бидат предмет на темелно ревидирање.

Овие заклучоци произлегоа и од анкетата која беше спроведена во септември минатата година, во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, кој Стопанската комора на Македонија го спроведува во партнерство со коморите и „ЕПИ Центар Интернационал.

Од аспект на Законот за прекршоците, во практиката како проблематично се покажа функционирањето на забрзаните постапки за порамнување (односно, постапките за издавањето на мандатниот платен налог и на прекршочниот платен налог). Имено, во нивното уредување постои спротивставеност помеѓу самата нивна природа (која треба да е насочена кон постигнување на согласност на сторителот на прекршокот и прекршочниот орган за да се избегне водењето на прекршочна постапка) и модалитетот низ кој истите се уредени во конкретните закони. Од една страна, Законот за прекршоците уредува дека за спроведувањето на забрзаните постапки треба да има согласност на сторителот на прекршокот (така што тој ќе го потпише записникот и ќе се согласи да се спроведе оваа забрзана постапка откако тоа ќе му биде предложено од прекршочниот орган, како алтернатива на водењето на прекршочна постапка). Од друга страна, во законите каде се уредени мандатниот и прекршочниот платен налог изречно се уредува дека тој се изрекува секогаш кога ќе биде сторен прекршок за кој е превидено изрекување на платен налог. Дополнително, одредбите уредуваат и дека мандатен, односно прекршочен платен налог може да се издаде и во ситуациите кога сторителот одбива да го потпише – во ситуациите кога прекршокот бил утврден лично од службеникот или со употреба на соодветни технички средства и направи, односно со податоци од службена евиденција. Можноста да биде спроведена ваква забрзана постапка во ситуација кога не постои согласност на сторителот на прекршокот е особено проблематична во случајот на мандатниот платен налог, каде не е предвидена можност за поднесување жалба или некој друг правен лек - ако не биде платена глобата во рок од 8 дена, тој добива својство на извршна исправа, и оваа можност може да остави отворени повеќе прашања во ситуациите кога сторителот не се согласил да биде издаден мандатниот платен налог. Поради тоа, бизнис заедницата смета дека потребата од постоењето на мандатниот, односно на прекршочниот платен налог и модалитетите на нивното уредување треба да бидат преиспитани.

На прес-конференцијата свое обраќање имаше и Ѓино Шкријељ, претседател на Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори при Стопанската комора на Македонија. Господинот Шкријељ ги изложи практичните искуства од примената на Царинскиот закон, при што посочи дека се поддржуваат напорите на Царинската управа за ревидирање на прекршочната политика во Царинскиот закон и намалувањето на износите на пропишаните глоби и глобите кај мандатниот, односно прекршочниот платен налог. При тоа, тој истакна дека е потребно почесто на правните субјекти најнапред да им биде изречена опомена од страна на службените лица, со цел да се остави можност и простор тие да ги отстранат недоследностите и да го усогласат своето работење со важечките прописи пред да им биде изречена глоба, а воедно се осврна и на искуствата од примената на мандатниот платен налог, кој е уреден во Царинскиот закон, отворените прашања кои се поставуваат при неговото применување, како и на потребата во што е можно покус рок истиот да биде ревидиран.

Господинот Шкријељ посочи и на ситуациите кога се изрекува глоба, односно се издава мандатен платен налог дури и во ситуациите кога се прави техничка грешка во поднесена царинска декларација (најчесто пермутација на бројки), дури и во ситуациите кога подносителот на декларацијата самоиницијативно, во најкраток можен рок, по воочувањето на направената техничка грешка самиот ја корегира поднесената царинска декларација и ја надоместува евентуално настанатата штета поради тоа. Тој предложи изречно да се уреди можноста во ваквите ситуации да биде изрекувана опомена, или да се уреди можност за ослободување од санкција на сторителот на прекршокот, во ситуациите кога прекршокот е направен под особено олеснувачки околности, и станува збор за прекршок за кој е предвидена глоба од помала вредност, а субјектот кој го сторил прекршокот самиот го воочил и преземал дејствија за да ги отстрани недостатоците во своето постапување или на друг начин да ги санира последиците во краток рок, и самиот му укажал на надлежниот орган за тоа.

На прес-конференцијата беше истакнато дека бизнис заедницата очекува нејзините предлози и сугестии да бидат земени предвид при најавеното ревидирање на Законот за прекршоците.

 

д-р Татјана Штерјова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права