21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Настан)
Симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

09.11.2017


Актуелно  

ОДРЖАНА ЧЕТВРТАТА ТРЕНИНГ-ОБУКА НА ТЕМА: „ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП“, НАМЕНЕТА ЗА КОМПАНИИТЕ


Како дел од активностите на Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“, реализиран од Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“, на 9.11.2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа тренинг-обука за компаниите на тема: „Придобивки и обврски на компаниите при вработување лица со хендикеп“. 

 

Првите три тренинг-обуки за напредно ниво, наменети за компаниите, беа одржани во Штип на 10.10.2017 година, во Велес на 17.10.2017 година и во Прилеп на 6.11.2017 година. По денешната одржана тренинг-обука за напредно ниво во Скопје, завршува циклусот на обуки за напредно ниво наменети за компаниите.

Според истражувањата на Стопанската комора на Македонија, постои недоволна информираност на компаниите за различни прашања поврзани со вработувањето и задржување во работен однос на лицата со хендикеп. Тренинг-обуката беше наменета за компаниите, со цел да се информираат за соодветно приспособување и овозможување еднаков третман на лицата со попреченост.

М-р Ивана Крстевска од Стопанската комора на Македонија ги претстави проектните активности насочени кон институциите и компаниите кои имаат цел да придонесат за целосно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси.

 

М-р Жанета Попоска, експерт во оваа област, говореше за правната рамка за овозможување еднаков третман на лицата со попреченост, за мерките кои се потребни да се преземат од страна на работодавачите со цел да се овозможат непречени услови за работа. На обуката главен акцент беше ставен на елементите за соодветно приспособување за да се овозможи непречен пристап на лицата со попреченост. Како најважни се издвојуваат следните елементи: обврска за соодветно приспособување за промена на работната околина за вработен во инвалидска количка; префрлување на лицето во друга канцеларија, или место поблиску до неговиот дом или на приземје, како и можност да работат од дома; набавка или модифицирање на опремата; одобрување на вработениот со попреченост да има малку флексибилност во неговите работни часови; промена на тестовите и прашањата за интервју за работа; обезбедување толкувачи на гестов јазик и промена на дисциплинските и жалбените процедури и постапки.

Од Посебниот фонд за вработување на лица со хендикеп, на фирмите им се доделуваат неповратни средства согласно член 4 од Законот за вработување на инвалидни лица – ЗВИЛ, за:

 1. доделување неповратни средства за вработување на неопределено време на невработено инвалидно лице;
 2. разумно адаптирање на работното место на кое ќе работи инвалидното лице доколку тоа е потребно;
 3. набавка на опрема;
 4. ослободување од даноци и обезбедување средства за придонеси;
 5. финансиска поддршка во работењето и
 6. работно оспособување на лица со хендикеп поради вработување.

За адаптирање на работното место на кое ќе работи инвалидното лице доколку тоа е потребно, се доделуваат неповратни средства во висина до 100.000 денари и истите можат повторно да се користат ако тоа го налагаат промените на техничко-технолошкиот процес или видот и степенот на инвалидноста на инвалидното лице.

За набавка на опрема се доделуваат неповратни средства во висина до 200 просечни нето-плати исплатени во РМ во претходната година, при што барателот во пресметковната вредност на програмата треба да учествува со сопствено учество од 20% (сопствени средства, кредит од банка или лични средства на сопственикот на фирмата), а износот на доделените средства може да биде најмногу до висината на имотот и трајниот капитал заведен во книгите на барателот (основачки влог, опрема, градежни и деловни објекти, дуќани и слично) и да достави хипотека во однос 2:1 или банкарска гаранција во висина на одобрените средства. Хипотеката или банкарската гаранција треба да е со важност од најмалку три години. Основен критериум за утврдување на висината на доделените неповратни средства за опрема е бројот на вработените инвалидни лица. 

На крајот на обуката беа презентирани и пет студии на случај, по што беше развиена дискусија од страна на присутните кои ги изнесоа своите искуства и предлози поврзани со вклучувањето на лицата со хендикеп на пазарот на труд.

На настанот присуствуваа околу триесетина учесници од повеќе сектори и тоа: банкарство, трговија, прехрана, метална и електроиндустрија, угостителство, невладини организации, заштитни друштва, како и претставници од државни институции и јавни претпријатија.

 

Преку овој проект ќе се таргетираат компаниите кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Постои цел сет на активности што се насочени и кон институциите и компаниите, со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси.

Проектот е финансиран од Европската комисија, спроведувач е Министерството за финансии - Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), заедно со Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот,  „Полио Плус“ - партнер во Проектот, како и Министерството за труд и социјална политика, како координатор на Програмата за социјална инклузија.

м-р Ивана Крстевска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права