23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

06.12.2017


Актуелно  

ПРЕДЛОГ ЗА ЗАЕДНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА „МИНЕКС ФОРУМ“ ВО СКОПЈЕ


Претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, одржа состанок со Тим Бисерет, економско аташе во Амбасадата на Велика Британија во Софија, Република Бугарија, задолжен и за земји од регионот, и Артур Полиаков, директор на фирмата „Адвантикс“ од Лондон, кои ја презентираа идејата да се организира МИНЕКС форум во јуни 2018 година во Скопје.

 

Форумот ќе се организира со цел да бидат опфатени неколку области од секторот минерални суровини и тоа, како што беше истакнато, ќе се дискутира за проблемите во дејноста, ќе се разговара за развојот, начинот на инвестирање, заштита на животната средина, но и за образованието и практична едукација на млад кадар.

Првиот форум на МИНЕКС е одржан во 2005 година во Москва, Русија, потоа во 2008 година во Монголија, при што се приклучија и други земји, како што е Казахстан, Туркменистан, балканските земји и други. Во 2015 година во Виена е одржана конференцијата МИНЕКЕС ЕВРОПА, на која се покренати прашања за развој на минералните суровини во Европа, со цел да се најдат независни производители и инвеститори. Во 2017 година оваа конференциај е одржана во Белград, каде, покрај домашните компании од овој сектор, присуствувале учесници и од други земји.

Идејата за организирање на МИНЕКС форум во Скопје е поддржана и од надлежните институции, а од името на Македонската асоцијација на рударството, беше поддржана и од Николајчо Николов, претседател на МАР.

На средбата беше заклучено дополнително да се договорат темите, а самата организација, ќе биде на комерцијална основа, за што дополнително ќе следат активности.

Марија Петроска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права