11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Акти на Комората

Акти на Стопанската комора на Македонија

 

Во прилог е даден текстот на Законот за стопанските комори (.pdf)

Статут на Стопанската комора на Македонија (.pdf)

Врз основа на член 13 став 1 алинеја 1 и член 42 од Законот за стопанските комори (Службен весник на Република Македонија бр. 17/2011), Собранието на Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 20.04.2011 го донесе следниот

С Т А Т У Т
на Стопанската комора на Македонија


I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Стопанската комора на Македонија (во натамошниот текст: Комора) е деловно-стручна асоцијација, која, согласно Законот за стопанските комори, ги усогласува, застапува и штити интересите на своите членови.

Во Комората членуваат физички лица - трговски поединци и правни лица, запишани во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица со седиште во Република Македонија, кои вршат трговска дејност и други субјекти запишани во Регистарот со седиште во Република Македонија, кои со својата дејност придонесуваат за унапредување на работењето на стопанството.

Член 2

Членувањето во Комората и истапувањето од неа е слободно и на доброволна основа.

Со Комората управуваат нејзините членови преку нивните претставници во здруженијата според дејности, во регионалните комори, другите облици на организирање и работење и преку избраните членови во органите на Комората.

Член 3

Комората е независна и самостојна организација, со својство на правно лице.

Комората е непрофитна организација. Доколку во работењето Комората оствари добивка по кој било основ согласно законот и овој статут, таа мора да биде употребена исклучиво за поддржување и остварување на целите и задачите заради кои е основана.

Називот на Комората гласи: Стопанска комора на Македонија. Во меѓународната комуникација Стопанската комора на Македонија го користи називот: Economic Chamber of Macedonia.

Седиштето на Комората е во Скопје, ул. Димитрие Чуповски бр. 13. .....

 



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Татјана Штерјова
Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: tatjana@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права