23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

06.09.2017 - 06.09.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА


Еднодневен семинар:

ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА  И ОПШТИТЕ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ ВО ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ВЕРОДОСТОЈНА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ИНТЕРНИ АКТИ

6.9.2017 година (среда)
10:00 - 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

         Стопанската комора на Македонија, на 6.9.2017 година, организира еднодневен семинар на тема: Пресметка и оданочување на надоместоци – трошоци поврзани со работата согласно законската регулатива и општите колективни договори во приватниот и јавниот сектор – практични примери, веродостојна документација и интерни акти. 

         Целта на еднодневниот семинар е правилна примена на законодавството со коешто се уредуваат надоместоците - трошоците поврзани со работата, пресметка на истите низ практични примери, веродостојна документација која може да се приложи како доказ, како и кои се задолжителните интерни акти - правилници на работодавачот во согласност со законската регулатива за дадената тема. 

         На еднодневниот семинар присутните ќе бидат запознаени со надоместоците - трошоците поврзани со работата низ призма на даночната регулатива, односно Законот за персонален данок на доход, Законот за данок на добивка, подзаконските акти, одредбите од Законот за работни односи, општите колективни договори од приватниот и јавниот сектор, Законот за даночна постапка (постапување при контрола од страна на даночната инспекција) и останатата регулатива за актуелната тема. 

         Со семинарот ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област со што ќе се избегне ризикот од изрекување на глоба при инспекциски надзор, како и заштита на вработените кои работат во дадените сектори од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика.


ПРОГРАМА

I. НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТА СОГЛАСНО ДАНОЧНА РЕГУЛАТИВА ВО Р. МАКЕДОНИЈА, ОПШТИ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ ОД ПРИВАТНИОТ - ЈАВНИОТ СЕКТОР И ОСТАНАТА ЛЕГИСЛАТИВА:
 
- Дневници за службени патувања во странство и земјата, теренски додаток и одвоен живот;
- Издатоци за службени патувања;
- Користење сопствено возило за службени цели;
- Помош во случај на смрт на вработениот и на член на неговото семејство;
- Помош за претрпени штети од елементарни непогоди;
- Отпремнина која се дава при заминување во пензија;
- Испратнина за технолошки вишок;
- Регрес за годишен одмор;
- Јубилејни награди;
- Надоместок заради непрекинато боледување;
- Надоместок при селидби на вработените за потребите на работодавачот;
- Организиран превоз и исхрана;
- Трошоци по основ на месечни надоместоци на членовите на органи на управување над висината утврдена со закон;
- Трошоци по основ на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд и останато.

II. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ АКТИ – ПРАВИЛНИЦИ НА РАБОТОДАВАЧОТ
     И ПОВРЗАНОСТА НА ИСТИТЕ СО ДАДЕНАТА ПРОБЛЕМАТИКА:
 

- Договор за вработување;
- Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места;
- Правилник за благајничко работење;
- Надоместување на штета од вработениот поради непочитување на законската регулатива од дадената тематска проблематика.

III. ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ: 

- Пресметка на дневници за службено патување и издатоци во земјата и во   странство;
- Пресметка на трошоци за користење сопствено возило;
- Пресметка на трошоци за организиран превоз и исхрана – даночно признат расход;
- Пресметка на трошоци по основ на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд;
- Пресметка на трошоци по основ на месечни надоместоци на членовите на органи на управување над висината утврдена со закон.

На советување ќе се третираат и прашања кои не се опфатени во агендата, а сепак се од интерес на учесниците и се поврзани со Законот за работни односи, пресметка на плати, исплата на надоместоци и даночна регулатива.

Целна група
Советувањето е наменето за сите вработени во сметководствено-финансискиот сектор, правните служби и останати законски застапници, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење во делот на пресметката на плати и надоместоци, кои се задолжителните акти и правилници на работодавачот, како и даночниот третман на надоместоците како право кое произлегува од Законот за работни односи и Колективниот договор.

Секој од присутните на семинарот ќе добие:
- Прирачник и материјали;
- Прилог 1 – Табеларен приказ за работни места;
- Прилог 2 – Пример за правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места;
- Прилог 3 – Правилник за благајничко работење;
- Прилог 4 – одлуки кои се обврзани – акти за дадената проблематика;
- Ручек и освежување;
- Сертификат за учество на семинарот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 1 септември 2017 година. 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права