24.11.2014 (Семинар)
ЗАКОН ЗА ВОДИТЕ, ЕКОЛОШКО-СОЦИЈАЛЕН И ЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТ НАЧЕЛО „ЗАГАДУВАЧОТ ПЛАЌА“; НАЧЕЛО „НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИ“,КОРИСТЕЊЕ НА ВОДИТЕ, ВОДНО ПРАВО, КОНЦЕСИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДИТЕ

25.11.2014 (Семинар)
Еднодневен семинар: “Закон за данокот на добивка, измени во Законот за добивка -нов правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување”

25.11.2014 (Семинар)
„Поедноставени Царински постапки, Документи кои се приложуваат кон царинската декларација и Новини во царинското работење"

26.11.2014 (Бизнис средби)
ДОМАШНИТЕ ИЗВОЗНО-ОРИЕНТИРАНИ КОМПАНИИ И ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА СВЕЖО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ВО ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА

26.11.2014 (Семинар)
Еднодневен семинар: „ЗАКОН ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА; ПРАВАТА НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК, Поим и содржина на даночно-правен однос ПРИ ВРШЕЊЕ НА КОНТРОЛА, ДАНОЧЕН НАДЗОР, ДАНОЧНИОТ ПРЕКРШОК ВО УПРАВНАТА ПОСТАПКА“

27.11.2014 (Настан)
ПОЕДНОСТАВЕНА ЦАРИНСКА ПОСТАПКА И НОВИНИ ВО ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

27.11.2014 (Семинар)
Еднодневен семинар: „Закон за данокот на добивка, измени во Закон за добивка - Правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување“

27.11.2014 (Саем)
Шести Mеѓународен саем за рударство, рударски машини и градежни возила - MINING TURKEY 2014 и Осми Саем за гума - RUBBER 2014

27.11.2014 (Семинар)
,,Последни измени во Законот за работни односи (Сл.весник 113/14) и постојните правни институти за деловна тајна, конкурентско дејствување, отказ од деловни причини, отказ со отказен рок и без отказен рок“

27.11.2014 (Семинар)
Дводневен семинар: „МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ - МАГАЦИН - УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИТЕ - РАКУВАЊЕ СО МАТЕРИЈАЛОТ”

28.11.2014 (Семинар)
НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ ВО ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО

28.11.2014 (Форум)
Регионална конференција – Размена на искуства, вмрежување & деловни средби

28.11.2014 (Семинар)
Еднодневен семинар во Кичево: „ЗАКОН ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА; ПРАВАТА НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК, ПОИМ И СОДРЖИНА НА ДАНОЧНО-ПРАВЕН ОДНОС ПРИ ВРШЕЊЕ НА КОНТРОЛА, ДАНОЧЕН НАДЗОР, ДАНОЧНИОТ ПРЕКРШОК ВО УПРАВНАТА ПОСТАПКА“

02.12.2014 (Семинар)
Еднодневен семинар: “Закон за данокот на добивка, измени во Законот за добивка -нов правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување

04.12.2014 (Саем)
ПОКАНА за посета на 24-иот Меѓународен Саем за пластика "PLAST EURASIA ISTANBUL 2014"

04.12.2014 (Саем)
13. Меѓународен саем за обработка на метал, заварување „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“;

05.12.2014 (Семинар)
Советување на тема:,,ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И НАСОКИ ЗА НИВНА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА”

05.12.2014 (Тренинг обука)
Обука во Охрид за подготовка и аплицирање на Европски проекти и Запознавање со новите Европски програми 2014-2020 достапни за компаниите

11.12.2014 (Семинар)
Seminar za Danok na dobivka

12.12.2014 (Тренинг обука)
Еднодневна обука: Креирање профитабилен раст за организациите со стратегијата „син океан“

27.01.2015 (Форум)
Форум GREEN VENTURES Лајпциг, Германија

Основни информации

Деловен клуб за соработка со Франција и франкофоните земји

Француско – македонскиот деловен клуб (Club des affaires franco-macedonien) e заедничка иницијатива на македонските и француските претприемачи во Македонија, основан со поддршка на Стопанската комора на Македонија,  Амбасадата на Франција во Скопје, Амбасадата на Македонија во Париз, како и соодветните министерства во двете земји.
Нашата главна мисија е да станеме вистинско место за средба и прием на француските и македонските претприемачи за каква било стопанска активност помеѓу Македонија, франкофонските земји и особено Франција.
Нашата улога е да бидеме дополнување на официјалните институции кои ги помагаат билатералните стопанските односи помеѓу Македонија, франкофонските земји и особено Франција.

Конституирање

Февруари 2009
основање во рамките на Стопанската комора на Македонија со Одлука од Управниот одбор

Мај 2009 – поставување на управниот тим
Бернар Коениг, претседател (член на Надзорен одбор на Охридска Банка-Societe Generale Groupe)
 

Одлука за формирање на Клубот- 19.02.2009

Правилник за работа на Клубот-

Членство
Годишна членарина:
10.000 ден
за претпријатија кои не се членки на Стопанската комора на Македонија  
5000 ден
за претпријатија членки на Стопанската комора на Македонија
1000 ден
за физички лица кои се занимаваат со нестопанска дејност
(лекари, пензионери, професори)

Факти и бројки
Франција е на 18 место на скалата на трговска размена со Македонија во 2008 година со вкупна размена од 145,5 милиони САД долари од кои 24,3 милиони САД долари извоз, 121,2 милиони САД долари увоз. Најзастапени производи од извоз се топловалани производи од железо (4,9 $мил.), конфекција (2,3 $мил.), неизжилен тутун (2,7 $мил.) и прехрамбени производи (1,5 $мил.) Најзастапени производи од увоз се автомобили (32 $мил.), фармацевтски производи (8,2 $мил.), текстилни предива (5,6 $мил.), машини и опрема и други производи (89,5 $мил.) 

Услуги за членките

Настани
Платформа за претприемачите од Македонија заинтересирани за француско-македонските стопански односи и франкофонските земји
Организирање/учество на тематски семинари, округли маси, средби за воспоставување деловни контакти
Билатерални трговски средби 
Обезбедување на информации
Контакти од претпријатија
Основни стопански информации
Секторски информации
Помош при барање на партнери

За клубот рекоа...

Н.Е.Бернар Валеро, амбасадор на Франција во Македонија
«Неопходно е македонските деловни луѓе многу поагресивно да ги бараат  француските компании и да ги убедуваат во својот квалитет. Овој клуб, кој се формира навистина во вистинскиот момент и со иницијатива од бизнисот, и кој ние  интензивно ќе го подржуваме, може  да  стане мост за зголемувањето на размената.»

Г-дин Бернар Коениг, претседател на деловниот клуб
«Место за размена par excellence, овој деловен клуб ќе треба да им овозможи на македонските, француските и франкофонските претпријатија подобро да се запознаат и да ги разберат взаемно нивните квалитети така што ќе можат целосно да ги искористат нивните поединечни компетенции.»

Г-ѓа Сава Димитрова, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија
«Стопанската комора на Македонија го препозна моментот на потребата и можностите и застана зад ставот на француското Министерство за економија за формирање на Клубот со основна цел - поттикнување на развојот на стопанската соработка со Република Франција и со други 56 земји-членки на Франкофонијата, плус 14 земји-набљудувачи .»

Информација за трговската размена со франкофоните земји

Членки на Меѓународната Организација на Франкофонијата


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Наташа Димеска Стојаноска
Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: natasa@mchamber.mk


Брилијантен покровител

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права