Бизнис-настани

27.11.2018 - 27.11.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ


Еднодневен семинар на тема:

МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

27 ноември 2018 година (вторник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат


         Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата врзани за меницата и меничните дејствија. Меницата претставува една од најзначајните хартии од вредност поаѓајќи пред се` од нејзиното значење што го има во домашниот и  во меѓународниот промет. Предмет на разгледување ќе бидат особено основните белези на хартиите од вредност, поимот, видовите и карактеристиките на меницата, видовите менични дејствија и меничните тужби. Ќе се анализираат одредбите од Законот за меница, проблемите кои се среќаваат во примената на меницата како средство за обезбедување/плаќање на побарувањата и можните решенија, исто така ќе се направи осврт на последните измени на Законот за нотаријат и нивното влијание врз меничните дејствија.

         На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за меница и ќе се дадат можни солуции - решенија за нивно надминување.

ПРОГРАМА
• Општи напомени за белезите на хартиите од вредност, поим, видови и  карактеристики на меницата;
• Менични дејствија видови, рокови на застареност, менични тужби.

Целна група:
Семинарот е наменет за вработените во правните служби на друштвата, адвокатите, нотарите и за законските застапници на трговските друштва.

Предавач:
- Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- закуска и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 23 ноември 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права