04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

09.05.2017 - 09.05.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО


Еднодневен семинар на тема:

БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

9 мај 2017 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Градежниот сектор во моментот е локомотива на македонската економија. Според податоците од Државниот завод за статистика учеството во вкупниот бруто домашен производ на градежништвото е 7%. Без градежништвото економијата во вториот квартал од 2016 година би била во негатива од 0,1%. Државата со инфраструктурните проекти ја стимулира градежната експанзија. Како сектор кој е носител на економската активност во земјата градежништвото се соочува со различни предизвици. Едно од нив е буџетирањето, односнно менаџирање на парите и менаџирање на трошоците.

Семинарот е наменет за: менаџери на градежни компании, менаџери за финансии и сметководство, проект менаџери, вработени во секторот за финансии и сметководство, аналитичари, новинари, како и за сите оние кои имаат интерес да го надополнат своето знаење во областа.

Целта на семинарот е стекнување на знаеања за буџетирање, буџетирање во градежништвото, буџетирање на градбата, буџетирање на општите административни трошоци, менаџирање со пари, менаџирање на трошоци.

ПРОГРАМА
-Буџетирање:
 oДефинирање на буџетот;
 oФункции на буџетот;
 oЦели на буџетирањето;
 oВидови на буџети и процес на буџетирање;
-Менаџирање на трошоци:
 oМониторинг и контролинг на градежни трошоци;
 oТаргет нивоа за индекс на перформанси на трошоци;
 oИндекс на перформанси на распореди;
 oМенаџирање на општи административни трошоци;
-Менаџирање на парични текови:
 oПарични текови за градежни проекти;
 oПарични текови за градежни компании;
 oФинансирање на градежните проекти.

Предавач:
Вејсел Сарач
, консултант и тренер од областа на финансии. Дипломиран менаџер на Факултетот за деловна администрација при Истанбулскиот универзитет. Директор за сметководство во градежната компанија „Лимак“ – Скопје, која е дел од Групацијата „Лимак Холдинг АШ“ од Турција.
Претходно работно искуство:
 o2014-2016 година - директор за финансии и сметководство  во градежната компанија „Елиф Инсаат“ ДООЕЛ;
 o2006-2010 година - извршен директор во „Сабах Трејд“;
 o2003-2005 година - кредитен аналитичар и советник за клиенти во Прокредит банка Македонија;
 oод 2005 година - предавач и консултант.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 5 мај 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ивона Каранфиловска
Тел: ++ 389 2 3244084
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права