28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

10.08.2018


Актуелно  

АЗЕСКИ ВО ПОСЕТА НА ЕДНА ОД НАЈУСПЕШНИТЕ КОМПАНИИ ВО ОХРИД – „АНДРОС“ ПРИМЕР ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА РАЗЛИЧНИ ПРОИЗВОДСТВЕНИ КАПАЦИТЕТИ


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, реализираше работна посета на една од најуспешните компании во Охрид. „Андрос“ е пример за развојна компанија која своето портфолио со текот на годините го диверзифицира во различни индустрии, притоа обезбедувајќи постојан раст на производната понуда.

Претседателот Азески, заедно со сопствениците на компанијата ги посети  неколкуте производствени капацитети во Охрид. - Она што треба да се истакне е вистинската заложба на менаџментот кој се стреми кон постојано усовршување на работните процеси и зголемената доза претприемачки капацитети. Овие квалитети водат кон диверзификација на производството и индустриските гранки во кои работат. Компанијата во своето портфолио брои активности во металната, хемиската и електроиндустријата.

„Андросфарм“ - Охрид е компанија која ги бележи своите почетоци уште во 1997 година.  Денес е еден од најголемите капацитети на Балканот за производство на производи од областа на куќна хемија и козметика.

Во производството се искористени знаењето и технологијата од германските фирми „Когнис“, „Кларијант“ и „Дром“, а сите суровини во производствениот процес се од строго контролирано западноевропско потекло и одговараат на европските стандарди за заштита на човекот и природата.

 

Во последниве години „Андросфарм“ е во постојана инвестициска активност во производните капацитети и има континуирано проширување на продажбата,  примарно во соседните земји, но и пошироко. Зголемувањето на побарувачката низ годините е потврда за високиот квалитет и безбедноста на производите.

Освен производствениот капацитет во хемиската индустрија, компанијата во Охрид  ја има во сопственост и фабриката „Братство“. Нејзините почетоци се во далечната 1949 година, по што следат години на раст и развој под името „Братство" - Охрид. Денес, тоа е компанија која на пазарот настапува под трговското име „Братство Инокс" - Охрид, со нова, трансформирана, приватна структура на капиталот.

Процесот на производство во „Братство Инокс“ се одвива на простор од 4000 м2. Стратешка определба на компанијата е софистицираност и долготрајност на нејзините производи. Производите на „Братство Инокс“ се изработуваат од високо квалитетни репроматеријали од западноевропско потекло. „Братство Инокс“ - Охрид се вбројува во редот на најреномираните компании за изработка на садови за домаќинство.

Одделение за информирање











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права